9.4.14

Мојот претседател

Некакво непријатно чувство ме обзема кога го гледам претседателот на мојата држава како стои позади премиерот, се смее и се однесува како недоветен.
Сакам претседателот на мојата држава да биде авторитетен но не авторитарен (или во сенка на авторитарни премиери), сакам тој да има морален интегритет и големина. Сакам за него да зборуваат со почит, но, почитта мора самиот да ја заработи со сите свои постапки. И бидејќи мојот претседател е човек, а на секој човек му се својствени човечките особини, очекувам и прифаќам дека тој може да прави многу грешки и гафови, но не прифаќам тој да биде член во било каква „екипа„ - тој треба да биде независен, тој не може да дозволи некоја партија да го узурпира и покрај тоа што е поддржан од таа партија.
Претседателот треба да е претседател на сите граѓани. Тој треба да биде врховен коректив во сите насоки во кои оди државата, да проектира етика, стабилност и позитивност. Во луѓето да ги побудува најхуманите чувства.
А... некакво непријатно чувство ме обзема кога го гледам претседателот на мојата држава во ова видео.


No comments:

Post a Comment