27.8.13

Кажано пред скоро 1000 години, се уште вистинито



Бевме сведоци за смртта на научници, од нив остана една мала група на страдалници.

Суровоста на судбината ги спречува целосно да му се предадат на усовршувањето и продлабочување нивната наука и спознание.

Повеќето од тие што во моментов се претставуваат за научници, ја облекуваат вистината во лага и во истражувањата не ја  преминуваат границата на плагијат и лицемерие.
И кога ќе наидат на ставови на човек кој ја сака вистината, и ја бара, се обидува да ги разоткрие лагите и лицемерието, не барајќи слава и позиции, тие, сите заедно, го исмеваат и му се подбиваат.
  
Омар Хајјам (1048 - 1131)






12.8.13

Дајте си слобода

Луѓето што размислуваат поинаку - ги менуваат работите.
Човештвото напредува, работите се менуваат, значи, генерално стравот е победен.



И кога ќе помислиш дека постоеле и се уште постојат порепресивни системи од тој во кој живееме, па и во тие држави имало и има луѓе што не се плашат да го искажат своето мислење, дури под закана за нивната слобода, дури и под смртни закани.