22.4.13

Не сакам - сакам



 

Не сакам да бидам „било кој“ за „било кого“,
 сакам да бидам „некој“ за „некого“.

  
Илустрација: Гај Денинг (Guy Denning) - 
1321 drawn shirt (Sheffield Institute of Arts, fundraiser)

21.4.13

Гледаш да не гледаш


                                               Автор на фотографијата - Ѓорги Вацев



Многу впечатлива фотографија.
Тие траги врз лицето ги остава животот, маката, судбината.
Кога ќе го сретнеш на улица, трепкаш со очите - се ресетираш, гледаш да не гледаш, да не забележуваш.
За тебе тие луѓе не постојат.
За тебе тие луѓе не се луѓе.
Тие служат за потсмев и искористување.
Треба да се сфати дека секој од нас е производ на околностите и влијанијата во кои се формирал. Не можеш да го понижуваш човек и да се чувствуваш надмен над него, над неговото потекло, култура или некултура ако тој не се изградил, ако е (според тебе) едноставен, или од друга страна, ако е рассипан.
Вината не е негова - вината е во општеството што го формирало.

10.4.13

Непродуктивно општество

Разликата помеѓу продуктивно, функционално општество и изолирано, непродуктивно општество е во критериумите за проценка на вредностите.

4.4.13

Секому своето време и секому својот пат. Се ќе биде... во свое време.

Секој си го работи своето, ако може. Тоа што не ти носи ќар сега - не значи дека не ти носи ќар воопшто. Ако живееме во општество што живее од денес за утре, и ние да живееме така?

3.4.13

Света, силна, бессмртна партијо, спаси нè!



Мила, да гласаме заедно? Воз ти се прави ли?
Те сакам скоро колку што го сакам лидерот!
Да се прошетаме до штабот?
Имам идеја да се зачленам во партија и да се вработам!
Лидерот е пастир! (Јас сум овца!).
Тој што не членува во партија е глуп! Да поминат избори а да не се обложиш е исто како да пропуштиш светско првенство во фудбал.
Свети лидер биди со нас! Свети лидер, спаси нè!
Да имаш свое мислење е ризично - може да го дознае некој.


Константин Карев