30.6.16

Граѓанска партија; Партија на Прибе; Техничка партија; Времена партија; Преодна партија...

Борбата против бандитскиот клан ВМРО ДПМНЕ треба да се пренесе на ново ниво, на надпартиско ниво.
Сигурно се прашувате што е тоа надпартија и на каков начин таа надпартија може да победи партија како ДПМНЕ.
Е па објаснувам: надпартија е партија регистрирана според постоечката законска легислатива, која во својот статут ќе ја лимитира својата активност со добивањето мнозинство во парламентот, формирање Влада и со реализирањето на сите забелешки од извештајот на Прибе. Тогаш таа партија ќе се расформира и ќе дозволи на наредните повеќепартиски демократски избори да победи билокој политички субјект кој ќе го добие мнозинството.
Значи прво ќе се формулира статутот и ќе се дефинира целта на постоењето на партијата и нејзиниот престанок со работа.
Всушност Владата што ќе ја избере оваа надпартија ќе ја заврши работата на независната експертска Влада до која незнаеме како да стигнеме. Задачи ќе и бидат забелешките на Прибе.
Во таа партија ќе учествуваат тие што сакаат да и помогнат на Македонија алтруистички. Пратениците ќе се откажат од поголем дел од своите бенефиции (нема да наплаќаат енормни нереални суми за патни трошоци, платата ќе си ја скратат до средна плата во РМ), оваа партија нема да вработува во јавна и во државна администрација, а Собранието ќе донесе закони со кои оваа негативна пракса ќе се искорени засекогаш.
Владеењето ќе стане раководење и наместо привилегија ќе стане одговорност и обврска. Во зависност од резултатите на наредните избори, како благодарност за доброто раководење функционерите ќе добиваат бонус на крајот на мандатот, илипа нема да добиваат ништо.
Ги повикувам сите истомисленици на придонесување и соработка околу формулирање на таков статут на партија, а понатаму ги повикувам сите регистрирани политички партии опозициони на ВМРО ДПМНЕ на нивно учество во создавањето на новата партија - надпартија.
На тој начин би покажале дека не се работи за лични суети, дека не се работи за борба за власт туку за желба за создавање подобро, поорганизирано и попродуктивно општество
Како звучи идејава? Бидете искрени.
Ако мислите дека идејава е добра - споделете ја.

27.6.16

Македонски перпетуум мобиле

Ние трошиме, а сè што трошиме ние - ќе платат нашите внуци, ама ним тоа нема да им претставува проблем затоа што тие ќе бидат богати поради нашите правилни економски потези, а ние трошиме, а сè што трошиме ние - ...


21.6.16

Малодушка

Машкиот пандан на малодушка би се викал малодушко - и двајцата се малодушни.

Малодушка кажува дека никој од нас не е посебен (оригинален, специфичен, достоен); дека не треба да се превзема преголема одговорност; дека е подобро да се биде опортунист отколку губитник; дека некој друг треба да реши дали општеството треба да се менува, затоа што и вака „на многумина им е добро“; и дека начитаноста е еквивалент на разбирање и мудрост.

Симпатична е малодушка, ама малодушна е.

Негација на цивилизациските достигнувања

Толку ли е тешко да се разбере дека не се важни конкретните луѓе и нивните таканатечени „проекти“, туку тенденцијата, тоест насоката во која се движи општеството? Како може да се негираат сознанијата до кои стигнала цивилизацијата, заради личен интерес, заради пари?

Одличен проект!

Тоа се прагматични опортунисти - го убиваат човекот во себе за пари кои ќе ги троши тоа што ќе остане од нив.