31.1.14

Веќе не си толку сигурен?

Колку е кршлив еден човечки живот? Знаеме ли?
Врз што се темели нашата сигурност за доаѓањето на утрешниот ден; за доброто здравје; за постоењето? 
Врз личното искуство?
Па тоа е толку кратко, конфузно и субјективно.
Едноставно, си се навикнал дека секогаш постои утрешниот ден.
Ете, шмркаш со носот, имаш температура, одиш на доктор, докторот ти пишува некоја рецепта. Пет-шест дена ги пиеш лековите и пак се чувствуваш здрав.
А што ако лековите што ќе ги пиеш не ти помагаат? Ако секој ден ти е се полошо? Ако не ти помагаат ни другите лекови што ти ги пишал другиот доктор и ако по некое време докторите почнуваат чудно да те гледаат? Веќе не си толку сигурен?