30.12.17

Патриотизмот

Гледан однадвор патриотизмот е егоизам, а гледан одвнатре тој е одговорност
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

2.12.17

Мативоди

Употребата на „ќе“, „би можело“ и „би требало“ укажува на човек кој нема намера СЕГА да ги решава проблемите,
туку да мати вода.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

28.11.17

Системот на Зоран Заев

Системот на Зоран Заев:
1. Првото евро за мене (Зоран Заев, де)
2. Второто евро за куќата (Македонија)
3. Третото евро за Господ

19.10.17

Грижа на совест

Не може да се предизвика грижа на совест кај луѓето што немаат совест.

28.9.17

Итри компјутери

Луѓе сме, сите грешиме; и тоа е НОРМАЛНО. И нормално е да кажеш или направиш нешто без да размислиш, а и нормално е да побркаш или да заборавиш нешто.
Најголемиот проблем на Балканците е во тоа што не сфаќаат дека се луѓе - мислат дека се итри компјутери.

12.8.17

Умот

Умот може да биде просторна и светла широчина, но може да биде и тесен и темен затвор
Борче Стаменов
И пак идиме до ноа. Турција го укина Дарвинизмот и се врати на џихад по школите. Некој премиер на Малезија пуштил абер Атеистите да се ловат оти го кршеле Уставот. Немав ни појма дека некаде религијата е регулирана со Устав? У Ирак имат план да ги превоспитат со некој план викан "Железната тупаница". У Авганистан, Иран, Малдивите, Пакистан, Судан и Саудиска Арабија да се изјасниш ка Атеист ти е исто ка да се обесиш. 100.000 години еволуција бре и паднаме на тестот за слободна воља 

15.6.17

Логично

Јас да си знаев - ќе си кажев, немаше да кријам од себе.

31.5.17

Спознавање

Спознавањето е процес,
спознанието е неисцрпно.

Контакт со Универзумот

Кога ќе си ги отстраниме пречките, Универзумот ќе може да нè допира слободно.

25.5.17

Јајцето или другото јајцe?

Прво е јајцето, варено, на сабајле. Кокошката е потоа, на ручек, печена.

22.5.17

Плачипичка

Пак ми се насолзија очите. Плачипичка сум - како што би ме квалификувала една баба која беше прашана во последната Зевзекманија за тоа што мисли за мажите кои знаат да плачат. Бабата повеќе сакала мажи што знаат да тепаат, разурнуваат и убиваат - е тоа биле „вистински“ мажи... за ова би имал што да каже Фројд, но како и да е, клипов и песнава се на легендарната сараевска група Забрането Пушење, на вистински настан - убиство на млади љубовници, Босанка и Србин кои сакаа да избегаат од војната... и да живеат.

Дијагноза

Докторот му ја кажува дијагнозата на пациентот не заради тоа што му се сити, туку заради тоа што сака да му помогне.

18.5.17

Детска градинка

Амнестија: - Деца, вие сте другарчиња и треба да се сакате.
Помилување: - Николчо му ја скрши главата на Стојанчо, ама тоа не беше намерно.
Аболиција: - Не сакам ништо да слушам - било што било.


15.4.17

Мртви бои

Тоа го прават парите - создаваат мртви бои

За многу милениуми, луѓе!

И Библијата не учи дека ништо не е дадено еднаш засекогаш - во неа е опишан „законот“ за каменување на „грешниците“, наследен од предците и опишан во нивните догми, кој Исус го оспорил, па сега веќе не го сметаме за закон, туку за дивјаштво.
Така е и со многу други догми кои луѓето сами си ги измислија - беа закони, а сега се дивјаштво.

Цивилизацијата не стои во место, свеста се развива, спознанието расте.

За многу милениуми, луѓе!

9.4.17

1.4.17

За „За „заедничка“ Македонија“

Народот е народ (граѓани) - кога е против власта.
Кога луѓето ја бранат власта тогаш тие не се народ,
туку група конформисти.





7.3.17

Натпревар

Како што неофицијално дознаваме, контролорот на средбата помеѓу ВМРО ДПМНЕ (Грујовисти) и СДСМ (Заевисти) - Унион Европски, од Америка, го оценил со негативна оценка 1 (единица) главниот судија Иван Ѓоргиев - Паљурски од Грчиште, Валандовско, затоа што истиот, според Европски, не досудил пенал за СДСМ (Заевисти), а на ВМРО ДПМНЕ (Грујовисти) им досудувал непостоечки слободни удари. Освен тоа 1 (единица) добил и помошниот судија Уставен Судовски, кој при постапувањата на Паљурски си гледал во к.... тоест во Интерес Материјалновски.

25.2.17

Моја Македонија

Материјалната „Македонија“ - таа што може да се продаде и купи, е прибежиште за несигурните „Македонци“, за тие кои немаат доволно духовна Македонија во себе, па се плашат дека ќе им ја снема.

9.1.17

Ќе живееме вечно!

Абе, што се секираме ние, нè има на еден голем камен напишано... надгробен
Ќе живееме вечно!

Ако постои пекол, мора да е полн со свештеници

Свештеник си, ја проповедаш Библијата? Па покажи колку веруваш во тоа што го кажуваш. Ослободи се од материјалното и покажи дека си способен да се жртвуваш! Луѓето ќе видат дека си искрен и ќе ти помогнат, за Бога да не говориме, тој ќе ти ја понуди својата бесконечна добрина.
Не. Поповите не сакаат да ја изгубат лагодната положба во материјалистичкото општество во кое живееме, тие се прилагодија, се приспособија и исто како и на простонародието им треба залажување на совеста, па затоа се кријат зад долгите бради и зад ритуалните обреди што ги прават.
Е па - ако постои пекол, мора да е полн со свештеници.

Право ќе ти кажам без да те излажам

Македонец:
- Штом ме питаш, право ќе ти кажам, право ќе ти кажам без да те излажам... само малку, де...