31.5.17

Спознавање

Спознавањето е процес,
спознанието е неисцрпно.

Контакт со Универзумот

Кога ќе си ги отстраниме пречките, Универзумот ќе може да нè допира слободно.

25.5.17

Јајцето или другото јајцe?

Прво е јајцето, варено, на сабајле. Кокошката е потоа, на ручек, печена.

22.5.17

Плачипичка

Пак ми се насолзија очите. Плачипичка сум - како што би ме квалификувала една баба која беше прашана во последната Зевзекманија за тоа што мисли за мажите кои знаат да плачат. Бабата повеќе сакала мажи што знаат да тепаат, разурнуваат и убиваат - е тоа биле „вистински“ мажи... за ова би имал што да каже Фројд, но како и да е, клипов и песнава се на легендарната сараевска група Забрането Пушење, на вистински настан - убиство на млади љубовници, Босанка и Србин кои сакаа да избегаат од војната... и да живеат.

Дијагноза

Докторот му ја кажува дијагнозата на пациентот не заради тоа што му се сити, туку заради тоа што сака да му помогне.

18.5.17

Детска градинка

Амнестија: - Деца, вие сте другарчиња и треба да се сакате.
Помилување: - Николчо му ја скрши главата на Стојанчо, ама тоа не беше намерно.
Аболиција: - Не сакам ништо да слушам - било што било.