2.1.20

Уништување на Македонија


Не е чесно на македонскиот народ да не му се каже вистината, тоест реалната состојба – таа  дека тој е на пониско цивилизациско ниво од тоа до кое е стигната цивилизацијата, затоа што тој негов хендикеп го користат неговите политички елити за да го држат во ропство и да го ограбуваат. Тие ги користат ниските страсти на народот за да го завртат самиот против себе; тие ја користат стратегијата „раздели, па владеј“ против сопствениот народ. За нив политичките идеологии за изградба на општеството, до кои стигнала цивилизацијата, се само алатки за манипулација. Така, политичката партија ВМРО ДПМНЕ манипулираше и се уште манипулира со националното чувство на Македонците, за да се прикаже како единствен заштитник на Македонците, а политичката партија СДСМ манипулира со потребата на Македонците од нормално цивилизирано општество. Додека основна цел на овие лукративни кланови (тоа не се политички партии, туку здруженија создадени за сопствен интерес) не е искрената желба за цивилазациски напредок на општеството, туку доаѓање и одржување на власт заради бенефитите што ги нуди власта.

Бенефитот за албанските политички партии кои учествуваат во власта е двоен, оти тие покрај тоа што го ограбуваат народот ја исполнуваат и сопствената национална агенда за уништување на државата во која што постојат.