29.1.19

За нанесената штета со правење на „општото добро“

Кажуваат дека прават нешто за „општо добро“, а нудат декларативни изјави, ветувања, убедености и сигурности како гаранција. Но тие не можат да бидат прифатени како гаранции, затоа што немаат материјална вредност и не се мерливи, па затоа не можат да му бидат одземени на тој што ги нуди како гаранција и не можат да послужат за намирување на нанесената штета со правење на „општото добро“.