31.12.16

Нова Година

- Дека ќе ојш за Нова Година?
- Ќе одам уф друг`та соба.


25.12.16

Националистичка квазирелигиозна демагогија

Да беа македонските демохристијани навистина Христијани, ќе ја почитуваа Христијанската догма. А Христијанството кажува да не се создаваат идоли.
Дпмновците направија идоли од своите политички лидери (создадоа грујоцентрична партократија (со паднатиот и гнасен Грујо во центарот))
и ја идеализираат припадноста кон Македонската нација, а и за тоа е напишано во Библијата, читај Исаија 40:15 (Isaiah 40:15)
„Ете, народите се како капка од ведро,
вредат колку прав на мерилката (на вагата).
Островите (земјите), ете, треперат во воздухот како ситно делче!“


Така да за да бидеш Христијанин треба да го знаеш Христијанството,
инаку ќе залуташ во националистичка квазирелигиозна демагогија.


24.12.16

За простатилакот

Дрскоста и нападноста на простите луѓе доаѓа од нивната недоволна интелектуална ангажираност. Нивната слика за светот е црно - бела. Тие по автоматизам се ставаат себеси во белата нијанса, па сè што не одговара на нивното плитко разбирање им изгледа црно.




13.12.16

Златни неистомисленици

Добро е да се имаат истомисленици, но од нив човек не добива ништо освен потврда на своите гледишта. Вистинска добивка е да имаш неистомисленици кои аргументираат свои гледишта, наспроти твоето. Тоа е бесценето.



29.11.16

Антика

Општеството ни е заостанато - сè уште е во антиката.

13.11.16

За ќарот се работи; за имотот, за парите

Прашањето го поставил Карл Маркс. Дал и објаснувања, па не го сфатиле и го дискредитирале и го заборавиле; прашањата ги поставуваат и објаснувања нудат и луѓе околу нас, на пример Ilija Kolev, ама нам не ни одговара да ги прифатиме нивните објаснувања; па си живееме (егзистираме) по инерција - до утре. Ако има утре.
А одговорите се однесуваат на прашањата за распределба на општественото богатство. Подостапно - за распределбата на ќарот.

Најтешкиот чекор

Првиот чекор најчесто е непремостлив - соочувањето со себе. Од таму тргнуваат сите манипулации.

Дали сите луѓе се луѓе?

Најголемиот недостаток на некоја група луѓе е тоа што немаат доволен потенцијал да бидат луѓе, затоа што ословувањето со човек е идеалистичко и во себе опфаќа разум, цивилизираност, моралност и духовност, а дали се такви сите луѓе што ги познавате?

„Човек“ - колку збркано тоа звучи!

Најголема пречка за опстанокот на човечката цивилизација е дискрепанцата (разликата), изразена во материјални (изразени во пари, интерес, моќ, влијание... задоволство) измерувања, помеѓу термините „човек“ и „успешен човек“.

29.10.16

Крзата во Македонија

Во преносно значење, применето на сегашниот политички момент во Македонија, стихотворбата на Даниил Хармс „Тигар на улица“ може да се преведе вака:

Крзата во Македонија

Јас долго се мислев за тоа како почна крзата во Македонија - Дали е вистина тоа што го тврди опозицијата, дека тие што сме ги избрале да ја водат државата си земале провизии од пари кои ние треба да ги враќаме, дека наместо да мислат како да ја организираат подобро државата мислеле како самите да џапнат нешто за џабалак, дека ја узурпирале цела држава со се судство; или власта е во право кога тврди дека опозицијата со помош на некои странски служби сака да ја продаде и да ја уништи државата... Мислев, мислев, мислев, мислев, мислев, мислев, мислев, мислев, мислев, мислев, мислев... ама тогаш почна турската серија на ТВ, па јас заборавив за што сум мислел.

Затоа и не знам како почна крзата во Македонија .

1.9.16

Патот до пеколот

Патот до пеколот е поплочен со алчност, глупост и опортунизам

31.8.16

Случајот Грујо

Филмов го гледав вчера. Се прашувам дали стандарден дпмновец може да изгледа филмов и да го разбере?
Дали може да разбере која е пораката на филмот? 
Може ли стандарден дпмновец/н да сфати дека светот во кој живееме не е совршен, па секој може да се искорумпира, да зашлапа во криминал? Може ли да разбере дека не постојат идеални суперлуѓе, суперлидери и спасители? Дека во систем креиран врз материјален интерес моралната градба на секоја индивидуа е ставена под знак прашалник? Па затоа во демократијата не може да се препуштиме на уживањето во возењето, туку треба цело време да внимаваме на патот.



Еве, кога сме кај филмовите - да ве потсетам на уште еден филм за несовршеноста на демократијата:
„Одговорноста за една држава не смее да лежи во рацете на малкумина привилегирани. Ние сме силни, и ние сме слободни од тиранијата сè додека секој од нас памети на неговата должност како граѓанин. Без разлика дали е тоа да се пријави дупка на вашата улица или лаги во една држава - имај став, проговори! Прашај ги прашањата. Барај ја вистината. Демократијата не е бесплатно возење, човеку. Но, ова е местото каде што живееме. И ако ние ја работиме нашата работа, ова ќе биде местото каде што ќе живеат нашите деца. Бог да ја благослови Америка.„

Ова е реплика од од филмот: Fair Game, снимен по вистински настан во САД, во 2007, кога бивш амбасадор и се спротивстави на Белата куќа.

Поучно.
Го препорачувам филмот.

30.8.16

Град - држава

Организација на општеството, а таа организација мора да биде втемелена врз принципите на правичност до кои стигнала цивилизацијата; е основната причина за постоење на државата.

Ние сите губиме

Мислам дека некои луѓе се премногу исплашени, или што и да е. Претпоставувам дека на луѓето кои се толку навикнати да ги прифаќаат работите такви какви што се, иако тие се лоши, им е тешко да се променат. Па тие се откажуваат.

А кога тоа го прават - ние сите губиме.


За единството на спротивностите

А колку е убаво и продуктивно кога некој културно ти опонира!

Вргањ

Време е за вргањ. Собирајте и јадете вргањ ако го знаете. Но ако знаете само еден вид барем не уништувајте ги останатите. Карактеристиката на нејадливите вргањи да менуваат боја при пресекување ја измислиле простите луѓе кои не ги знаат сите видови и собираат само еден - тој што не менува боја.
Пријатно!

со, или без „в“

- Ти со „в“ си? Или без „в“?
- Јас сум со без „в“

27.8.16

Задоволеност






















- Добро, а какви ви се односите со Грција?

- Редовни...

26.8.16

Мене веќе ми е тешко да се менувам

Кога во некоја животна ситуација чувствуваш дека не ти е комфортно (не ти одговара, не ти прија, не ти е пријатно, не чувствуваш задоволство...) - промени ја ситуацијата или промени се себеси, зависи што ти е полесно...
Мене веќе ми е тешко да се менувам.

24.8.16

Идеални луѓе

Да не бараме идеални луѓе, затоа што такви не постојат. Ни треба добар систем кој ќе резултира со продуктивност.

23.8.16

Снаодливост

Од кога знам ние со „снаодливост“ карактеризираме неморални лукративни дела. Во менталитетот ни е вметнато таквото размислување. Никола Груевски и бандата околу него само го користат тоа што веќе го имало.

Шесте правила за успех на Арнолд Шварценегер

Шесте правила за успех на Арнолд Шварценегер:

1. Имајте доверба во себе;
2. Прекршете ги правилата;
3. Не се плашете од неуспех;
4. Не ги слушајте одговарачите;
5. Работете напорно;
6. Вратете нешто.

21.8.16

Пролетери

Од нас направија пролетери - сите пролетуваме над (низ) животот. Подобро отколку да ползиме низ него.

Глупост и умност

Тој што разбира - тој се прави глуп, а тој што е глуп - тој се прави паметен, а ништо не разбира.

Повик

Во нашата земја странските инвеститори имаат недостиг од експлоатирани!

Изненадување

Глупостите ми се потрошија... Е не, имам уште некоја!

Расеаност

Умот ми е на неколку места.

19.8.16

Какостих

Каква е таа поезија, која кажува и прашува десетици мудрости и прашања наеднаш, побркувајќи ги метафорично?
Какостих?

16.8.16

Национализам

Национализмот го користат паметните и расипани луѓе за да владеат со глупите и наивни луѓе.

5.8.16

Вистински пријатели!

Пријателите ти се потребни кога си надвор од баланс, кога не го чувствуваш тлото под нозете. Тие што ќе ти помогнат во таква ситуација ти се вистински жел... мислам... пријатели. Вистински пријатели!

28.7.16

Крадло не кради!

Требало трипати да се каже „Крадло не кради!“
и Груевски ќе престане да краде.
...
Приказни за деца...

24.7.16

Вистина

Комплетноста на твојата визија за вистината зависи од тоа колку нејзини проекции си спознал и од колку перспективи си ги набљудувал.

13.7.16

Граѓанска партија - надпартија 3

Го пишувам текстов како одговор на колумната на Бранимир Јовановиќ -
http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%B3/650-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0
во која тој им се обраќа на досега неосвестените (заспани, како што вика тој) граѓани во однос на намерата на актуелната власт да се задолжи за 650000000 евра со еврообврзница:

Во ред, не смееме да останеме неми. Но, како што и самиот кажувате - петиции и протести нема да ја натераат владејачката гарнитура да си ги смени плановите. Освен тоа протестите се омлитавени, а со агресијата врз градби, камења и споменици станаа контрапродуктивни и вандалски. Власта е глува на таквите протести, потребни се нови идеи и методи.

Мислам дека овој узурпаторски и клиентилистички режим може да биде победен победи само со фронтална борба или со победа на избори; и знаејќи дека никој од нас не сака широк меѓуграѓански судир, ни останува опцијата да го победиме режимот на избори спроведени под негова диригентска палка.

На таквите избори опозицијата треба да учествува монолитно, дури и како единствен политички субјект - надпартија, чија функција и цел на дејствување ќе биде однапред прецизно дефинирана.

Значи идејата ми е ваква:

1. Составување на граѓански парламент на ниво на здружение на граѓани поддржано од опозициските политички субјекти и граѓанскиот сектор;

2. Дефиниране на единствен политички субјект чија намена ќе биде да се спротивстави на клиентилизмот на ВМРО ДПМНЕ на избори;

3. Учество на политичкиот субјект - надпартија на избори и добивање мнозинство во Собранието;

4. Преку Собранието враќање на државата кон Уставните норми; департизација на системот; ослободување на институциите; раздвојување на властите

5. Создавање на услови за демократски избори на кои сите политички субјекти кои учествуваа во создавањето на наменската надпартија ќе учествуваат самостојно затоа што постоењето на надпартијата ќе престане да постои со распишувањето на изборите (нешто што ќе биде предвидено со самото нејзино формирање).

Како звучи? Идеалистички? Утопистички?

Можеби.

Но барем нуди активен алгоритам за враќање на правната држава, наспроти пасивноста и ќорсокакот во кој западна целата опозиција, заедно со Протестирам.

Сум пишувал за идејава и тука:


и

Мотивација

Желбата за живот и мотивацијата да се успее се посилни од сите болести и физички хендикепи што ги има човекот.

12.7.16

Граѓанска партија - надпартија 2

Опозицијата не треба да преговара со криминалната Влада, туку треба да преговара и да договара самата со себе. Потребно е да се создаде Парламент во сенка, граѓански Парламент (постоечкиот Парламент е партиски). Таквиот Парламент ќе може да договори единствена стратегија за настап на избори. Таквиот Парламент може да провоцира создавање на заеднички наменски политички субјект - надпартија која ќе има строго дефинирана цел: победа на избори над бандитско-клиентилистичкиот клан ВМРО ДПМНЕ и создавање услови за демократски избори на кои создадената надпартија нема да учествува и со чие спроведување ќе престане да постои.
За оваа идеја пишував и тука:
Размислете, ако сметате дека идејава е правилна и продуктивна и ќе ни помогне да ја вратиме Македонија на демократси колосек - споделувајте.

9.7.16

Што е полошо?

Некој згрешил, а ти го навредуваш. Што е полошо?
Тој што згрешил не знае дека згрешил. Ти знаеш дека го навредуваш.

Егоизам

Живееме во време на многу информации, затоа луѓето се збунети, затоа се затвораат во себе или во сигурни лукративни кланови. До цивилизацијата е. Луѓето немаат време да мислат за општото добро, затоа мислат егоистично - што е добро лично за нив.

30.6.16

Граѓанска партија; Партија на Прибе; Техничка партија; Времена партија; Преодна партија...

Борбата против бандитскиот клан ВМРО ДПМНЕ треба да се пренесе на ново ниво, на надпартиско ниво.
Сигурно се прашувате што е тоа надпартија и на каков начин таа надпартија може да победи партија како ДПМНЕ.
Е па објаснувам: надпартија е партија регистрирана според постоечката законска легислатива, која во својот статут ќе ја лимитира својата активност со добивањето мнозинство во парламентот, формирање Влада и со реализирањето на сите забелешки од извештајот на Прибе. Тогаш таа партија ќе се расформира и ќе дозволи на наредните повеќепартиски демократски избори да победи билокој политички субјект кој ќе го добие мнозинството.
Значи прво ќе се формулира статутот и ќе се дефинира целта на постоењето на партијата и нејзиниот престанок со работа.
Всушност Владата што ќе ја избере оваа надпартија ќе ја заврши работата на независната експертска Влада до која незнаеме како да стигнеме. Задачи ќе и бидат забелешките на Прибе.
Во таа партија ќе учествуваат тие што сакаат да и помогнат на Македонија алтруистички. Пратениците ќе се откажат од поголем дел од своите бенефиции (нема да наплаќаат енормни нереални суми за патни трошоци, платата ќе си ја скратат до средна плата во РМ), оваа партија нема да вработува во јавна и во државна администрација, а Собранието ќе донесе закони со кои оваа негативна пракса ќе се искорени засекогаш.
Владеењето ќе стане раководење и наместо привилегија ќе стане одговорност и обврска. Во зависност од резултатите на наредните избори, како благодарност за доброто раководење функционерите ќе добиваат бонус на крајот на мандатот, илипа нема да добиваат ништо.
Ги повикувам сите истомисленици на придонесување и соработка околу формулирање на таков статут на партија, а понатаму ги повикувам сите регистрирани политички партии опозициони на ВМРО ДПМНЕ на нивно учество во создавањето на новата партија - надпартија.
На тој начин би покажале дека не се работи за лични суети, дека не се работи за борба за власт туку за желба за создавање подобро, поорганизирано и попродуктивно општество
Како звучи идејава? Бидете искрени.
Ако мислите дека идејава е добра - споделете ја.

27.6.16

Македонски перпетуум мобиле

Ние трошиме, а сè што трошиме ние - ќе платат нашите внуци, ама ним тоа нема да им претставува проблем затоа што тие ќе бидат богати поради нашите правилни економски потези, а ние трошиме, а сè што трошиме ние - ...


21.6.16

Малодушка

Машкиот пандан на малодушка би се викал малодушко - и двајцата се малодушни.

Малодушка кажува дека никој од нас не е посебен (оригинален, специфичен, достоен); дека не треба да се превзема преголема одговорност; дека е подобро да се биде опортунист отколку губитник; дека некој друг треба да реши дали општеството треба да се менува, затоа што и вака „на многумина им е добро“; и дека начитаноста е еквивалент на разбирање и мудрост.

Симпатична е малодушка, ама малодушна е.

Негација на цивилизациските достигнувања

Толку ли е тешко да се разбере дека не се важни конкретните луѓе и нивните таканатечени „проекти“, туку тенденцијата, тоест насоката во која се движи општеството? Како може да се негираат сознанијата до кои стигнала цивилизацијата, заради личен интерес, заради пари?

Одличен проект!

Тоа се прагматични опортунисти - го убиваат човекот во себе за пари кои ќе ги троши тоа што ќе остане од нив.


28.5.16

Дискусија

Омаловажувањето не е начин туку недостаток на способност за водење дискусија.

12.5.16

Тефтер суд на времето

ДПМНовците сакаат и судот на времето да си го присвојат и таму да си наместат тефтер судии.

11.5.16

Нема апчиња

Не е виновна бабата што цел живот го проживеала во диктатура на глупоста.
https://www.youtube.com/watch?v=w5258sY_7-k



За уметникот, интелектуалецот и за човекот

Треба да се каже дека уметникот не можеме секогаш да го сметаме за интелектуалец, затоа што има многу уметници техничари; а дури кога уметникот е интелектуалец тој не е ослободен од влијанија и токму затоа тој има право да биде човек и да греши; но вистинскиот уметник и интелектуалец има обврска да си ги признае грешките, кога - тогаш. Само да не биде премногу доцна за него или за општеството во коешто тој сака нешто да каже.

Ова го напишав како одговор на овој текст на Блаже Миневски:
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=608A279349CE09479C19209822EFDDE8

и читањето на оваа експликација на Kalina Maleska

Испратив еден текст во Дневник што е реакција на текстот на Блаже Миневски, објавен на 07.05.2016 година во Дневник. Многу ме интересира дали ќе го објават или ќе цензурираат различно мислење. Бидејќи не сум сигурна дали ќе го објават, го споделувам со вас во продолжение.
Реакција на текстот „По спомениците, „Шарената револуција“
ќе се сврти кон библиотеките и книгите“ потпишан од Блаже Миневски, објавен во Дневник на 07.05.2016
Калина Малеска
Сите тези во гореспоменатиот текст на Блаже Миневски почиваат на ситуации кои авторот или воопшто не ги разбира или намерно ги извртува. Првата е постојаната употреба на поимот „уништува“ (споменици) место точниот и прецизен збор „бои (или варијантите: „обојува“, „фрла бои врз“)“, што е, всушност, она што се случува последниов месец во Македонија. Едно од најголемите извртувања претставува фактот што целиот текст сее страв врз основа на настан во Македонија што воопшто не се случил: уништување на книги – нешто што е дури и ставено во насловот, во кој оградувањето со прашалник малку помага. При крајот на вториот пасус, авторот вели дека „веќе следната недела, кога ќе заврши уништувањето на главните белези на македонската држава и државност, би можеле на ред да дојдат книгите, како еден од најважните преостанати темели на еден народ!“ Со тоа, авторот, од една страна, се обидува да се огради од она што го тврди, бидејќи не тврди дека веќе почнало уништување на книги, туку го дава само како претпоставка, а од друга страна не нуди ниту еден аргумент за тоа од каде го црпи оправдувањето да ја изнесе оваа претпоставка, којашто е целосно неаргументирана, и, што е уште пострашно, најголем дел од натамошниот текст се темели на потсетување на фашистичкото унишување на книги како споредба со она што, според авторот, можеби ќе се случи во Македонија од страна на демонстрантите во „Шарената револуција“.
Палењето книги во 1933 година во Германија е апсолутно неспоредливо со боењето на спомениците во 2016 година во Македонија од огромен број причини. Првата е секако тоа што палењето го изведувале, како што вели авторот, студенти, „заборавајќи“ да истакне дека тие биле поддржани и охрабрени од оние кои ја имале власта во свои раце, кај кои се наоѓала државната апаратура, односно сите стретства на моќ (така вели историјата што сме ја учеле изминативе децении, како и новите документарни емисии) – а вој којшто случај, станува збор за терор и деспотизам. Ситуацијата би можела да биде споредлива само доколку властите во Македонија вршат уништување на споменици и цензура и уништување на книги, а не кога луѓето, кои немаат никакви средства на државна контрола во свои раце, протестираат против неправда и корупција. Воведување диктатура со палење книги, од една страна (Германија 1933 година), и протест против корупција со фрлање боја на споменици што се симбол на таа корупција, од друга страна (Македонија 2016 година) се две целосно спротивни, а не слични ситуации. Игнорирањето на овие факти укажува на еден капитален пропуст во, или намерно извртување на, логиката на гореспоменатиот текст. Уништувањето книги премногу потсетува на фашизмот, што е токму идеологијата против која се протестира во „Шарената револуција“, така што од она што досега го видовме, нема основа да се случи такво апокалиптично сценарио со уништување книги. И јас лично сум и секогаш ќе бидам најголем противник на иницијатива за уништување книги, доколку некој поединец и потегне таква иницијатива, без разлика од кого потекнува или кон кои книги биде насочена.
Понатаму, авторот прави целосно извртување на фактите кога селективно го употребува зборот „метафорички“. Во текстот се вели дека сквернавењето на Порта Македонија „метафорички претставува уништување на трајните белези на државноста“. Од друга страна, „заборава“ да објасни дека, метафорички, фрлањето боја на Порта Македонија и другите споменици и институции, всушност, претставува револт против неправдата која, меѓу другото, се состои од следново: да не смее дури ни да се покрене судска постапка против лица осомничени за тешки кривични дела. Овој факт е целосно прикриен во текстот, што претставува тешко извртување на вистината за тоа што е мотивацијата за фрлање боја врз спомениците и институциите. Со други зборови, и во овој текст, но и во многу други, целосно изостанува контекстот што довел до протести, а тоа е: содржината на прислушкуваните разговори и аболицијата. Целосното игнорирање на овој контекст и развивање тези за протестите без да се објасни тој контекст претставуваат (намерна или ненамерна, сеедно) манипулација со фактите, и ги прави целосно бесмислени и исполнети со празни зборови изјавите како „уништување на трајните белези на државноста“ или „антимакедонска револуција“, чија неаргументирантираност и апсурдност доаѓа до израз кога таквите изјави ќе се соочат со фактичкиот општествен контекст.
Ова се само мал дел од апсурдностите на овој и на слични текстови, со цел форматот да биде соодветен за весник, а за многу други нелогичности испишани во текот на последниве месеци од различни автори ќе има место во некој научен текст што ќе се бави со лингвистички манипулации и недостиг на логика.“

2.5.16

Традиции, догми и други заблуди

Бог не допрел до нив - биле зафатени со кршење варени обоени ембриони од кокошка

http://www.telma.com.mk/vesti/osumdneven-pritvor-za-5-mina-bitolchani-po-tepachkata-vo-nokjniot-klub-raschekor

24.4.16

И?

Размисли дали партијата е твоја или ти ѝ припаѓаш на партијата.

Прашање што заслужува одговор

Дали прво си човек, а потоа Македонец; или прво си Македонец а потоа си човек?

21.4.16

Бесцелност

Бесцелност е да навлегуваш во дискусија со „луѓе“ кои го навредуваат и дискредитираат соговорникот. На простиот не можеш да му објасниш дека е прост. Ти ќе му кажуваш доводи и факти а тој ќе фрла со гениталии и пцости.

6.4.16

Предавници

Ние сме предавници... - ја предадовме светата глупост

10.2.16

Човек си

Имај свое мислење, човек си.
Ordinary people. The courage to say no. 

The photo was taken in Hamburg in 1936, during the celebrations for the launch of a ship. In the crowed, one person refuses to raise his arm to give the Nazi salute. The man was August Landmesser. He had already been in trouble with the authorities, having been sentenced to two years hard labour for marrying a Jewish woman.
We know little else about August Landmesser, except that he had two children. By pure chance, one of his children recognized her father in this photo when it was published in a German newspaper in 1991. How proud she must have been in that moment.

Како се викаат?

Како се викаат луѓето што си ги јадат сопствените зборови, плукаат и го лижат плукнатото после тоа?

6.2.16

Кирилица

Луѓе, користете кирилица, измислена е веќе!
Add caption

4.2.16

Космополитизам

Ако Александар Македонски го сметаме за космополит, значи ли тоа дека можеби и Хитлер остана неразбран?


3.2.16

Навреда

Со навреди го навредуваш човекот во себе.

100 Евангелија

Те наоѓам во 100 Евангелија, но ти секаде правиш проблеми.

28.1.16

Што е подобро?

Подобро да леташ во илузии, отколку да газиш во депресии.

1.166.667 години затвор за Никола Груевски!!!

На Фејсбук поставив прашање: „На жената што малтретирала бебе и досудија 14 месеци затвор, а на колкав затворски рок треба да биде осуден човек кој малтретира цела нација?„.


Од Goran Sokolovski (ти благодарам Горан) добив одговор: „Pomnozi 14 meseci x 2.000.000„. Ова размислување е правилно, но би требало да земеме апроксимација при која би ги отфрлиле сите кои не се чувствуваат малтретирани, нека се и половина, остануваат 1.000.000 малтретирани граѓани, за секој по 14 месеци = 14.000.000 месеци = 1.166.667 години затвор за Никола Груевски!!!


26.1.16

Радио „Ајвар„, Сиднеј

Главната улога на било кој медиум е да му даде на народот етика и естетика а не само да го забавува и да му дава тоа што сака. Со ова последново се постигнува контраефект и се поттикнува простотилакот и ограниченоста во народот.

Мајмунолики луѓе?

Гледав утрово на ТВ - на орангутан му даваат логичка задача: пред него поставуваат две чинии во кои има грозје, во едната помалку, а во другата повеќе; мајмунот треба да покаже на чинијата со помалку грозје, за да му го дадат грозјето од другата чинија, каде што го има повеќе.
И мајмунот сфаќа! Му даваат чинија со 5 зрна и чинија со 2 зрна, а тој покажува на таа со 2, па му даваат 5!
Мајмун ли е, што ли е? Сепак, јасно ми е: мајмунот знае да мисли.

Не ми е јасно како има луѓе кои размислуваат праволиниски, па со нив некои други „луѓе„ манипулираат како сакаат, и од нив прават „мајмуни„.

24.1.16

Прости мисли

Простиот не сфаќа дека сакаш да му помогнеш кажувајќи му дека е прост, и дека греши, туку сака да го лажеш дека е мудар и дека е во право; затоа што е прост.

Купи куќа - врати глас

А „Купи куќа за не толку млади„ ќе има ли?

20.1.16

Упорност

Свеста се менува споро, менталитетот уште поспоро.
Но што му останува на човек кој има некоја нова идеја која не е прифатена? Да се откаже? Не. Секој од нас треба да продолжи да го прави тоа што го започнал.

19.1.16

Човек

Човек не може секогаш да е во право, затоа што е човек