12.1.15

Сам Сефалам



Сега, нека си ги вратат фалбите назад в уста, или кај сакаат нека си ги напикаат. Оти на нероден Петко капа му кројат и се фалат:
- Што Петко ќе биде! Јас светев коа го правеа!

7.1.15

Вегетаријанец

Помеѓу лудак и генијалец има вегетаријанец.

Златна рипка

тоа ти е како фатиш златна рипка, да ја испржиш и да кажеш: ич не а биве ваа

2.1.15

Будала

Будала - човек кој што може да направи многу, но нерешителен е, и не почнува ништо сам. Лесно прифаќа туѓи мислења и ставови за релевантни и не ја гледа дури ниту иронијата насочена кон него; чија жртва може да биде и самиот. Претпочита да биде насочуван и управуван, отколку да решава самиот.

Користољубие



Македонскиот народ е жилав. Toj надживеал империи, царства, кралства; окупации и „ослободувања„. Ќе најде излез и од овој ќор-сокак во кој не доведоа СДСМ и ДПМНЕ. Па, тоа се само партии (здруженија) на користољупци (сребро-злато-евро-доларљупци).

1.1.15

Задоволство

Уживам да го гледам телевизорот како не работи
и да слушам како не создава неконтролирани звуци.