28.7.16

Крадло не кради!

Требало трипати да се каже „Крадло не кради!“
и Груевски ќе престане да краде.
...
Приказни за деца...

24.7.16

Вистина

Комплетноста на твојата визија за вистината зависи од тоа колку нејзини проекции си спознал и од колку перспективи си ги набљудувал.

13.7.16

Граѓанска партија - надпартија 3

Го пишувам текстов како одговор на колумната на Бранимир Јовановиќ -
http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%B3/650-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0
во која тој им се обраќа на досега неосвестените (заспани, како што вика тој) граѓани во однос на намерата на актуелната власт да се задолжи за 650000000 евра со еврообврзница:

Во ред, не смееме да останеме неми. Но, како што и самиот кажувате - петиции и протести нема да ја натераат владејачката гарнитура да си ги смени плановите. Освен тоа протестите се омлитавени, а со агресијата врз градби, камења и споменици станаа контрапродуктивни и вандалски. Власта е глува на таквите протести, потребни се нови идеи и методи.

Мислам дека овој узурпаторски и клиентилистички режим може да биде победен победи само со фронтална борба или со победа на избори; и знаејќи дека никој од нас не сака широк меѓуграѓански судир, ни останува опцијата да го победиме режимот на избори спроведени под негова диригентска палка.

На таквите избори опозицијата треба да учествува монолитно, дури и како единствен политички субјект - надпартија, чија функција и цел на дејствување ќе биде однапред прецизно дефинирана.

Значи идејата ми е ваква:

1. Составување на граѓански парламент на ниво на здружение на граѓани поддржано од опозициските политички субјекти и граѓанскиот сектор;

2. Дефиниране на единствен политички субјект чија намена ќе биде да се спротивстави на клиентилизмот на ВМРО ДПМНЕ на избори;

3. Учество на политичкиот субјект - надпартија на избори и добивање мнозинство во Собранието;

4. Преку Собранието враќање на државата кон Уставните норми; департизација на системот; ослободување на институциите; раздвојување на властите

5. Создавање на услови за демократски избори на кои сите политички субјекти кои учествуваа во создавањето на наменската надпартија ќе учествуваат самостојно затоа што постоењето на надпартијата ќе престане да постои со распишувањето на изборите (нешто што ќе биде предвидено со самото нејзино формирање).

Како звучи? Идеалистички? Утопистички?

Можеби.

Но барем нуди активен алгоритам за враќање на правната држава, наспроти пасивноста и ќорсокакот во кој западна целата опозиција, заедно со Протестирам.

Сум пишувал за идејава и тука:


и

Мотивација

Желбата за живот и мотивацијата да се успее се посилни од сите болести и физички хендикепи што ги има човекот.

12.7.16

Граѓанска партија - надпартија 2

Опозицијата не треба да преговара со криминалната Влада, туку треба да преговара и да договара самата со себе. Потребно е да се создаде Парламент во сенка, граѓански Парламент (постоечкиот Парламент е партиски). Таквиот Парламент ќе може да договори единствена стратегија за настап на избори. Таквиот Парламент може да провоцира создавање на заеднички наменски политички субјект - надпартија која ќе има строго дефинирана цел: победа на избори над бандитско-клиентилистичкиот клан ВМРО ДПМНЕ и создавање услови за демократски избори на кои создадената надпартија нема да учествува и со чие спроведување ќе престане да постои.
За оваа идеја пишував и тука:
Размислете, ако сметате дека идејава е правилна и продуктивна и ќе ни помогне да ја вратиме Македонија на демократси колосек - споделувајте.

9.7.16

Што е полошо?

Некој згрешил, а ти го навредуваш. Што е полошо?
Тој што згрешил не знае дека згрешил. Ти знаеш дека го навредуваш.

Егоизам

Живееме во време на многу информации, затоа луѓето се збунети, затоа се затвораат во себе или во сигурни лукративни кланови. До цивилизацијата е. Луѓето немаат време да мислат за општото добро, затоа мислат егоистично - што е добро лично за нив.