17.4.18

Апсурд на современата политика

Прочитав мислење кое гласи вака: "не можи сите незадоволни на светов да се американски платеници..." но, всушност поврзаноста е инверзна - Американците бараат незадоволници во државите што им се од геополитички или економски интерес и преку нив воведуваат "демократија". Значи може да се тврди дека сите пулени на Американците се незадоволници во државите од интерес за САД. Всушност САД ја злоупотребуваат благородната идеја за демократија, за сопствени, лукративни интереси. Последица на ваквата "политика" на САД е зголемувањето на репресијата и авторитарноста во државите каде на власт се диктаторски режими.
Звучи апсурдно, ама излегува дека САД поттикнуваат авторитарност и репресија во светот.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај