23.10.15

Во големи лидери веруваат само тие што не веруваат во себе.

Го слушам Раул Гонзалес како говори на македонски и си викам: Би требало да ги надминеме комплексите. Постоиме како култура, како нација, како држава...

Ни недостига само храброст да веруваме во себе, меѓусебно да се почитуваме и да создаваме вредности. 

Во големи лидери веруваат само тие што не веруваат во себе.

22.9.15

Жешко лето

Летото е некогаш згодна, некогаш незгодна но најчесто жешка девојка.

15.9.15

Катица на полагање

Сметајте дека македонската деморатија е на полагање, во нејзино име одбрана е Катица да полага. Ако не положи - отиде и македнската демократијата, и македонската Катица; а по некое време и македонската Македонија.

11.9.15

Среќа

Убаво е чувството да ја доживееш среќата на човек што го познаваш.

Погрешна игра

Војни поради виртуелни граници.
Експлоатацијата поради игри со законите.
Малкумина енормно се богатат, останатите страдаат.

Политика

"Целта на влегување во политиката не треба да биде манифестирање моќ и стекнување богатство, туку подобрување на животот на луѓето." Пол Велстон

Пробајте вака

1. Примате информации (за што се работи, што , кој, како...)
2. Споредувате со информациите што веќе ги имате во вашата глава
3. Размислувате
4. Генерирате сублимат од сите информации што ги знаете
5. Го изложувате своето мислење во јавност

10.9.15

Повеќепартискиот систем не е кладилница

Повеќепартискиот систем не е кладилница. А гласањето не е одбирање на еден тим и навивање и типување на него, туку свесност за општеството во кое сите заедно живееме; и барање одговорност од тие што се на власт, секогаш и за сè, макар и да немаш личен интерес, туку од сочувство со некого.

Парадокс на Христијанството

Секоја „христијанска„ нација толку блиску го прифаќа Христа
што го смета за свој личен Бог;
а со тоа постапува токму против Христовите начела.




8.9.15

Најголемата дилема

Најголемата дилема во животот е кои работи да се обидуваш да ги менуваш а кои да ги прифатиш такви какви што се, затоа што напразно ќе трошиш време и енергија обидувајќи се да ги промениш.

Истата дилема важи и при простувањето, човечки е да простуваш но може ли било што да се прости?

Исусовата филозофија (тој што нема гревови прв нека го фрли каменот) е базирана на замена на тезите и не е применлива во реални околности.

Чим сме сите грешни значи ли тоа дека не треба да има човечки суд на земјата? Значи не треба да има закони пишани од луѓе. Па нели тоа ќе доведе до хаос и анархија? Тоа ли го сака Бог?

http://popara.mk/2015/kalabalak/pouchna-prikazna-ni-jas-ne-go-zasluzhuvam-ova-no-jas-ti-prostuvam/

5.9.15

Длабокоумна плиткост

Зборови поврзани во неповрзани мисли.
Ја бараш смислата и пораката, но нив ги нема - затоа што авторот заборавил
или не можел да ги вметне.
Како резултат се појавува длабокоумна плиткост и...
И ништо.

http://www.mkd.mk/poezija/vo-naletot-na-vetrot-afrodita-nikolova

Мора да е грешка

Оваа песна не ми вреди ништо.
Треба да ја одмислам, отпишам и заборавам.


7.7.15

Право и обврска

Негово ( и на сите политичари) е правото да бидат расипани и манипулатори.
Наша (на граѓаните) е обврската да не дозволуваме да бидеме лажени и манипулирани.

Со ум против расипаноста и глупоста

Уметноста е ум, таа е оружје за борба против расипаноста и глупоста.

http://lider.mk/2015/04/29/ulicna-umetnost-protiv-kraterite-na-ulicite/


22.6.15

Волшебник

Лекува „од глуви„, „од неми„, „„од нос, и ги чисти објектите „одразни зла„; ама не лекува од глупост, затоа што би ги изгубил муштериите. А и самиот не се лекува од неписменост - не сака да си ја изгуби оригиналноста.

19.6.15

Сопствен бог (ѓавол)


Има приоритет, според кој се раководи секој Христијанин кога си го формира својот светоглед. Според тој приоритет на прво место е љубовта кон Бога и кон сите негови творби, какви ли бои и форми да им дал творецот. Дури потоа во срцето на ревносниот Христов слуга ќе се најде место за љубов кон соплемениците и кон државата.

Тој што не го почитува овие приоритети не е Христијанин.
И луѓето што се поинакви од нас, што говорат поинаков јазик и што мигрираат подалеку од војните и смртта се Божји чеда. Се чудам од каде ли ви е стравот тие немоќни, обесправени и прогонети луѓе да не останат во Македонија и да не ни го измелезат чистото македонско семе? Од некој сопствен господ (да не кажам ѓавол)?


8.6.15

Не постојат мали луѓе - постојат мали умови

Кога осознавате дека нештата околку вас не се поставени како што треба и бараат промени - најдете сила во себе и иницирајте ја промената со својата активност.
Не постојат мали нешта - постојат нешта што сме ги занемариле.
Не постојат мали луѓе - постојат мали умови.

24.5.15

За големите луѓе

На секој човек му е својствено да греши. Затоа, големите луѓе не ги препознаме по нивната безгрешност, туку по тоа дека знаат да си ги признаат и да си ги поправат грешките.

22.5.15

Создавање коалиција за ред и демократија РЕД. Платформа:

Создавање коалиција за ред и демократија РЕД
Платформа:

  • Закони против партиски вработувања
  • Закони против медиумска манипулација
  • Градење граѓанска држава (сите граѓани се еднакви) (сите партии се еднакви)
  • Ревизија на сиот досегашен криминал, вклучително и приватизацијатa
  • Ослободување на пратениците од стегите на партиите
  • Промена на гласачкиот систем (една изборна единица, без цензус)
  • Закон против партиски манипулации на граѓанските организации
  • Воведување контролни механизми за да зачува независноста на судската власт

16.5.15

Немаш топки? Не очекувај успех. (No guts - no glory)

„Треба да имаш големи јајца„ - израз кој кај нас Македонците погрешно се преиначува во „треба да имаш гз„ или „треба да имаш задник„.
Поентата на изразот е во тоа да не бидеш конформист и секогаш да одиш на сигурно, туку да ризикуваш со своите удобства, бенефиции, сигурност (нежни и фрагилни јајца) за постигнување на повисоки општествени цели и идеали; на што те обврзува припадноста кон човечкиот род.

6.5.15

Целта на постоењето

Човек со сета своја суштина треба да придонесува во изградба на општеството во коешто живее на етички, културен или економски план. Тоа е целта на постоењето а не лукративното искористување на истото.

3.5.15

Слобода за судиите!

Џон Адамс, вториот Претседател на САД има кажано дека „среќа за општеството е престанок на владеењето„ (The happiness of society is the end of government).
Се согласувам со него: владеењето би требало да премине во управување, а управувањето во организирање.
 Џон Адамс го кажал и патот по кој треба да се оди: „Судската власт треба да биде различна од законодавната и извршната власт, и да биде независна и од двете, така да може да ги контролира, и самата да биде контролирана од нив„ (1776 година).
(The judicial power ought to be distinct from both the legislative and executive, and independent upon both, that so it may be a check upon both, as both should be checks upon that. - John Adams)

Општеството кое не го применува последново не се движи кон прогрес, тоа не се развива. Тоа секогаш ќе биде сурово, брутално и непродуктивно. Тоа секогаш ќе зависи од вољата и од субјективните фрустрации на еден монарх и неговите придворни слуги.

https://en.wikiquote.org/wiki/John_Adams#Thoughts_on_Government_.281776.29

Џон Адамс 

2.5.15

Глупоста вечна - Факултет за туризам и бизнис логистика

Вака изгледа Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија.






















Сè по 50 денари... и други цени.



„Сè по 50 денари... и други цени„ - ова звучи смешно, интересно и примамливо
„Купената роба не се враќа„ - а ова значи дека сета таа силна администрација, сите тие инспекции не работат ништо, а бадијала добиваат плати од буџетот.

26.4.15

Најголемата глупост

Најголема препрека за развој на човечката цивилизација е свеста (разбирањето) на мнозинството луѓе, кои не сакаат да се „трошат„, да размислуваат, да бараат, и да полагаат одговорност за своите постапки и решенија. Ним им е полесно некој друг да ја има иницијативата во општествените процеси и во распределбата на општественото богатство, а ним да им дава колку да бидат подобри од тие луѓе што ги опкружуваат.
Против оваа глупост никој, никако не може да се бори.

Ко кошки (а ко да не се кошки)

Ги сакам старите кокошки, иако долго не попуштаат (се мисли на кокошки).

Јадење живи луѓе

Никола Груевски кажа нема да јаде живи луѓе, како што се заканува Зоран Заев.
Мора да се прејал?!

Срам

Граѓаните на таквите неорганизирани, неправедни, непродуктивни, потонати во криминал и корупција држави, се чувствуваат исто како децата во нефункционални семејства, со родители кои се алкохоличари или наркомани, ним им се драги спомените или визијата за убавите денови на семејството, но тие се срамат од своите родители.


9.4.15

Раат и мир

Македонецот сака раат и мир - не сака да се замара.

3.4.15

Кого го застапувам?

Го застапувам сопствениот разум и ја бранам својата слобода.

2.4.15

Бисер балкански


Никогаш не можеш да кажеш: „овој човек е етичкото дно на Македонија„;
секогаш ќе се најде некој што ќе се закопа подлабоко.

23.3.15

Слобода

Кому му се врзани очите? Јас знам со сигурност: очите му се врзани на тој кој дозволил да му ги врзаат.
А дозволува да му ги држат врзани очите човек кому му е убаво со врзани очи, тој смета дека и не мора да гледа, чим си има убава позиција во општеството, материјално поткрепена. Секој друг, кој има и малку совест, би викал и би рикал при одземање на неговата слобода, како што вика и рика секое живо суштество при одземање на неговиот живот.
Е да, слободата. Затоа што за човекот неговата слобода е негов живот - по спознавањето и по свесноста за слобода човекот се разликува од било кое живо суштество.

7.3.15

Тиквички

Никола: - Боукице, што паниаш?
Боркица: - Тиквички
Никола: - Добуо паниаш ти, тебе може да ти се веува.

28.2.15

Правична затапеност

Во Македонија се применува начелото на соодветна и правична затапеност
Глуп е тој човек, кој никогаш не си го менува мислењето

23.2.15

Го знаеш ли, поете, својот долг?



Насловот не кажува многу. Секој си ја оправдува својата животна позиција. На интелектуалецот тоа му е полесно, тој има достап до разни полу и недодефинирани вистини, па ако совеста му дозволува - ќе си ги протолкува во своја полза. Значи најзначајна улога во изграденоста на еден човек и поет игра неговата чесност пред себе и пред општеството во коешто живее, а интелектот е само алатка за достигнување на целта.
Главен критериум за тоа дали определени дела и дали поезијата на некој автор вреди или не вреди е временскиот дискурс. Тоа што го правиш за да следиш минливи трендови ќе умре заедно со трендот. Тоа што го правиш за да ја спознаеш суштината на суштините ќе те надживее.

Константин Карев, 23.02.2015

15.2.15

Диференцијација

Ова е убаво време - време на диференцијација на луѓе од црви.

7.2.15

Вештачка вистина

Сакаат да го заборавиме патот до вистината,
за да ни продаваат вештачка.

5.2.15

Нели?

Не осудуваме личности.
Сакаме да бидеме големи луѓе во напредна држава кои дискутираат за идеи; или барем за настани.

4.2.15

Лесно ли е?

Лесно ли е?

Лесно е да навредуваш, да повредиш, да убиеш.
Тешко е да разбереш, да лекуваш, да родиш.