14.1.18

Св. Бог Бог

Што му е тоа „Господин Господин“? Двоен господин? Господин на квадрат?
А зошто не викаат „Бог Бог“?

6.1.18

Локација на пеколот

Лошите луѓе ќе оделе во пекол, за останатите пеколот е тука.

Не сум верник

Не сум верник, Библијата за мене е книга со мудрости од едно време, ама чудно ми е како се нарекуваат верници тие што не само што не ги сфатиле, туку не ги прочитале тие мудрости.
Матеј 6:5-7: “А кога се молите, не постапувајте како лицемерите, кои сакаат да бидат забележани од другите кога се молат по синагогите и по плоштадите. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема! А ти, кога ќе се молиш, влези во својата соба, затвори ја вратата и помоли му се на твојот невидлив небесен татко, кој го гледа тоа што е тајно и ќе те награди јавно.
Кога се молите, не редете празни зборови, како што тоа го прават оние што не го познаваат Бога, мислејќи дека ќе бидат услишани поради својата речовитост.”
Што ќе каже дека сите обреди, служби, празнувања, слави, шествија и поворки, без искреност се само празност.
Инаку, зборот „празник“ потекува од „празно“, ама не знам дали зборот дошол поради празните амбари или поради празноста на душите после празници.
а) На кого да се молиш? Исус рече: “… молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата…” (Матеј 6:9) “… во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно…”(Филипи...
BIBLIJA.MK