31.8.16

Случајот Грујо

Филмов го гледав вчера. Се прашувам дали стандарден дпмновец може да изгледа филмов и да го разбере?
Дали може да разбере која е пораката на филмот? 
Може ли стандарден дпмновец/н да сфати дека светот во кој живееме не е совршен, па секој може да се искорумпира, да зашлапа во криминал? Може ли да разбере дека не постојат идеални суперлуѓе, суперлидери и спасители? Дека во систем креиран врз материјален интерес моралната градба на секоја индивидуа е ставена под знак прашалник? Па затоа во демократијата не може да се препуштиме на уживањето во возењето, туку треба цело време да внимаваме на патот.



Еве, кога сме кај филмовите - да ве потсетам на уште еден филм за несовршеноста на демократијата:
„Одговорноста за една држава не смее да лежи во рацете на малкумина привилегирани. Ние сме силни, и ние сме слободни од тиранијата сè додека секој од нас памети на неговата должност како граѓанин. Без разлика дали е тоа да се пријави дупка на вашата улица или лаги во една држава - имај став, проговори! Прашај ги прашањата. Барај ја вистината. Демократијата не е бесплатно возење, човеку. Но, ова е местото каде што живееме. И ако ние ја работиме нашата работа, ова ќе биде местото каде што ќе живеат нашите деца. Бог да ја благослови Америка.„

Ова е реплика од од филмот: Fair Game, снимен по вистински настан во САД, во 2007, кога бивш амбасадор и се спротивстави на Белата куќа.

Поучно.
Го препорачувам филмот.

30.8.16

Град - држава

Организација на општеството, а таа организација мора да биде втемелена врз принципите на правичност до кои стигнала цивилизацијата; е основната причина за постоење на државата.

Ние сите губиме

Мислам дека некои луѓе се премногу исплашени, или што и да е. Претпоставувам дека на луѓето кои се толку навикнати да ги прифаќаат работите такви какви што се, иако тие се лоши, им е тешко да се променат. Па тие се откажуваат.

А кога тоа го прават - ние сите губиме.


За единството на спротивностите

А колку е убаво и продуктивно кога некој културно ти опонира!

Вргањ

Време е за вргањ. Собирајте и јадете вргањ ако го знаете. Но ако знаете само еден вид барем не уништувајте ги останатите. Карактеристиката на нејадливите вргањи да менуваат боја при пресекување ја измислиле простите луѓе кои не ги знаат сите видови и собираат само еден - тој што не менува боја.
Пријатно!

со, или без „в“

- Ти со „в“ си? Или без „в“?
- Јас сум со без „в“

27.8.16

Задоволеност






















- Добро, а какви ви се односите со Грција?

- Редовни...

26.8.16

Мене веќе ми е тешко да се менувам

Кога во некоја животна ситуација чувствуваш дека не ти е комфортно (не ти одговара, не ти прија, не ти е пријатно, не чувствуваш задоволство...) - промени ја ситуацијата или промени се себеси, зависи што ти е полесно...
Мене веќе ми е тешко да се менувам.

24.8.16

Идеални луѓе

Да не бараме идеални луѓе, затоа што такви не постојат. Ни треба добар систем кој ќе резултира со продуктивност.

23.8.16

Снаодливост

Од кога знам ние со „снаодливост“ карактеризираме неморални лукративни дела. Во менталитетот ни е вметнато таквото размислување. Никола Груевски и бандата околу него само го користат тоа што веќе го имало.

Шесте правила за успех на Арнолд Шварценегер

Шесте правила за успех на Арнолд Шварценегер:

1. Имајте доверба во себе;
2. Прекршете ги правилата;
3. Не се плашете од неуспех;
4. Не ги слушајте одговарачите;
5. Работете напорно;
6. Вратете нешто.

21.8.16

Пролетери

Од нас направија пролетери - сите пролетуваме над (низ) животот. Подобро отколку да ползиме низ него.

Глупост и умност

Тој што разбира - тој се прави глуп, а тој што е глуп - тој се прави паметен, а ништо не разбира.

Повик

Во нашата земја странските инвеститори имаат недостиг од експлоатирани!

Изненадување

Глупостите ми се потрошија... Е не, имам уште некоја!

Расеаност

Умот ми е на неколку места.

19.8.16

Какостих

Каква е таа поезија, која кажува и прашува десетици мудрости и прашања наеднаш, побркувајќи ги метафорично?
Какостих?

16.8.16

Национализам

Национализмот го користат паметните и расипани луѓе за да владеат со глупите и наивни луѓе.

5.8.16

Вистински пријатели!

Пријателите ти се потребни кога си надвор од баланс, кога не го чувствуваш тлото под нозете. Тие што ќе ти помогнат во таква ситуација ти се вистински жел... мислам... пријатели. Вистински пријатели!