26.6.14

Кога пцуеш

Кога некој(а) нема многу за покажување, тогаш го покажува тоа што го има.
Тоа ти е како кога ти недостигаат зборови за да објасниш нешто - па пцуеш.

21.6.14

Животност


Хуманост спрема куче би се викала „кучешност„?
Се зезам.
Кога се спомнува зборот „хуманост„ се мисли на збир на карактеристики на човек кои одговараат на некој позитивен, филозофско - духовен императивен збир за тоа каков би требало да биде, и кои карактеристики да ги поседува „добриот„ човек. Според тоа и човек што се однесува „добро„ спрема животно повторно би се ословил со хуман.
А куче што се однесува така како му доликува на куче е „кучешно„. Куче што луѓето го научиле да ја заборави својата кучешка нарав и да поприми некое човечко однесување би се нарекло „хумано куче„.

Човек што ги изгубил карактеристиките на човек го викаме животно, а би требало да викаме дека тој човек поседува голема „животност„.

Постојат и луѓе кои се делумно хумани: хумани во однос на луѓето а нехумани во однос на животните; или обратно. Таквите луѓе можеме да ги карактеризираме како: лажно хумани, квазихумани, хипокритохумани, лицемерохумани или фарисеохумани. Значи, има човечни луѓе, нечовечни луѓе а има и квазичовечни луѓе.

15.6.14

Не се грижам за староста

Не се грижам за староста.
Кога ќе бидам стар - ќе бидам мртов.

11.6.14

Закономерност

Тој што сака да го прегрне светот, на крајот, завршува распнат.