Хуманост спрема куче би се викала „кучешност„?
Се зезам.
Кога се спомнува зборот „хуманост„ се мисли на збир на карактеристики на
човек кои одговараат на некој позитивен, филозофско - духовен императивен збир
за тоа каков би требало да биде, и кои карактеристики да ги поседува „добриот„
човек. Според тоа и човек што се однесува „добро„ спрема животно повторно би се
ословил со хуман.
А куче што се однесува така како му доликува на куче е „кучешно„. Куче што
луѓето го научиле да ја заборави својата кучешка нарав и да поприми некое
човечко однесување би се нарекло „хумано куче„.
Човек што ги изгубил карактеристиките на човек го викаме животно, а би
требало да викаме дека тој човек поседува голема „животност„.
Постојат и луѓе кои се делумно хумани: хумани во однос на луѓето а нехумани во однос на животните; или обратно. Таквите луѓе можеме да ги карактеризираме како: лажно хумани, квазихумани, хипокритохумани, лицемерохумани или фарисеохумани. Значи, има човечни луѓе, нечовечни луѓе а има и квазичовечни луѓе.

No comments:
Post a Comment