29.11.16

Антика

Општеството ни е заостанато - сè уште е во антиката.

13.11.16

За ќарот се работи; за имотот, за парите

Прашањето го поставил Карл Маркс. Дал и објаснувања, па не го сфатиле и го дискредитирале и го заборавиле; прашањата ги поставуваат и објаснувања нудат и луѓе околу нас, на пример Ilija Kolev, ама нам не ни одговара да ги прифатиме нивните објаснувања; па си живееме (егзистираме) по инерција - до утре. Ако има утре.
А одговорите се однесуваат на прашањата за распределба на општественото богатство. Подостапно - за распределбата на ќарот.

Најтешкиот чекор

Првиот чекор најчесто е непремостлив - соочувањето со себе. Од таму тргнуваат сите манипулации.

Дали сите луѓе се луѓе?

Најголемиот недостаток на некоја група луѓе е тоа што немаат доволен потенцијал да бидат луѓе, затоа што ословувањето со човек е идеалистичко и во себе опфаќа разум, цивилизираност, моралност и духовност, а дали се такви сите луѓе што ги познавате?

„Човек“ - колку збркано тоа звучи!

Најголема пречка за опстанокот на човечката цивилизација е дискрепанцата (разликата), изразена во материјални (изразени во пари, интерес, моќ, влијание... задоволство) измерувања, помеѓу термините „човек“ и „успешен човек“.