26.11.14

Блеј и носот си го глеј!

Секоја овца се множи со коефициентот „Блеј“, кој се бележи со малечко „о“, затоа што е тркалезно, и затоа што и брбушките им се тркалезни - сферични; и затоа што за нив тркалезните брбушки се нивното најголемо постигнување, сферата и светот во кој тие живеат.

Вредноста на коефициентот „Блеј“ е променлива, и зависи од тоа колку добро се офајдува Овчарот најдобар наш, и другите овчари, од конкретното блеење.



22.11.14

Идиоти

Прави така - како мислиш дека е правилно.
Тие што ќе те критикуваат, ниту знаат сè за тебе, ниту ги знаат околностите и причините зошто си постапил така или онака. Па и воопшто не им е грижа за тебе. Тие си ги задоволуваат ниските страсти и пороци. Тие се идиоти.

21.11.14

Среќа - Тага

Среќата живее со еден здив, а тагата не дише со полни гради, затоа подмолно трае.

18.11.14

Сигурност

Ќе свири гитарата. Ќе ѝ кажам.

Резервни деца

Родители! Заштитете ги вашите деца. Кога во училиштето каде што учат е ладно и нема струја - пратете ги таму вашите резервни деца. Наставата не смее да биде прекината.

15.11.14

Бог на цела Вселена

Ете, народите се како капка од ведро,
вредат колку прав на мерилката (на вагата).
Островите (земјите), ете, треперат во воздухот како ситно делче!
Свето писмо, Исаија 40:15 (Isaiah 40:15)

Сеир

Лесно е да критикуваш, навредуваш и да фаќаш сеир.
Тешко е да бидеш индивидуален и да браниш сопствени размислувања и ставови.

12.11.14

Ставалница

Зборот Кладилница влече корен од зборот Кла́да (од грч. κλάδος 'гранка, разгранување'; англ. clade), кој освен значењата поврзани со обработено или необработено дрво ставено на куп; поприма и значења поврзани со „да ставиш„..
колода (рус.) - шпил (куп)
клад (рус.) - закопано (ставено) богатство
вклад (рус.) - паричен влог
оклад (рус.) - плата
да кладеш (мак.) или да ставиш
склад (рус. мак.)
Значи значењето на зборот Кладилница е Ставалница.
Корен со исто значење има и Обложувалница, од Ложење (ставање дрва), Ложить (рус.) - да ставиш, Ложится (рус.) - да (се) Легнеш.

11.11.14

Луѓе ли се? Бубачки ли се?














Некои луѓе се само обиди
и вистински луѓе никогаш нема да станат. 

8.11.14

Супергомно

Тоа е гомно во напредната фаза - супергомно, такво што ти смрди без да го чепкаш. Нели, ако знаеш дека некаде има гомна, не одиш таму, за да не ти смрдат. Ама ова гомно е јавно гомно - сака да влезе во секој дом и да смрди.
Како и големите гомна, така и малите гомца се наши животни сопатници. Ги среќаваме секојдневно. Тие се вечна инспирација и непресушен извор на вдахновеност.

1.11.14

Ај биди земјоделец

Ај биди земјоделец.
Не знаеш што ти продаваат во земјоделската аптека, може да никне а и не мора, а може нешто друго ќе никне, не тоа што си го купил. Никому - ништо.
За да си сигурен дека нема да останеш без производ поради некоја болест, ги употребуваш врз тоа што никнало сите можни препарати, за секој случај. Никому - ништо.
Тоа што ќе никне, па ќе го лелеш и гледаш - никому не му треба, сакаат што поевтино да ти го земат разноразните трговци, те лажат на цена, те уценуваат затоа што мораш да го продадеш производот кој утре ќе се расипе. Никому - ништо.
Те лажат на вага, те лажат за тежината на количката со која ги носат гајбите до вагата, те лажат за тежината на гајбите. За крај ти одбиваат 3 до 5% калирање на производот кое можеби ќе настане откога тие ќе ти го купат производот. Никому - ништо.
Даваш пари за семе, за ѓубре, за работна рака, на нафта, за помошни материјали, за алат, за машини, згора на тоа уште и данок треба да платиш. За тебе - ништо.