Ај биди земјоделец.
Не знаеш што ти продаваат во земјоделската аптека, може да никне а и не мора, а може нешто друго ќе никне, не тоа што си го купил. Никому - ништо.
За да си сигурен дека нема да останеш без производ поради некоја болест, ги употребуваш врз тоа што никнало сите можни препарати, за секој случај. Никому - ништо.
Тоа што ќе никне, па ќе го лелеш и гледаш - никому не му треба, сакаат што поевтино да ти го земат разноразните трговци, те лажат на цена, те уценуваат затоа што мораш да го продадеш производот кој утре ќе се расипе. Никому - ништо.
Те лажат на вага, те лажат за тежината на количката со која ги носат гајбите до вагата, те лажат за тежината на гајбите. За крај ти одбиваат 3 до 5% калирање на производот кое можеби ќе настане откога тие ќе ти го купат производот. Никому - ништо.
Даваш пари за семе, за ѓубре, за работна рака, на нафта, за помошни материјали, за алат, за машини, згора на тоа уште и данок треба да платиш. За тебе - ништо.
No comments:
Post a Comment