31.10.18

Освојување ресурси и пазари

Вака беше во 2013, веројатно е исто и сега, ама на капиталистите не им треба вистината. Ним им треба душепарачка манипулација со која ќе ги прикријат своите лукративни цели. Бомбардираат суверена држава врз основа на медиумски претпоставки. Сакале да испратат порака... Точно, сакаат да покажат сила, тоа им е пораката. Од светски демократии САД, Британија и Франција се претвирија во белосветски силеџии, насилници и предизвикувачи на војни.
Се заради освојување ресурси и пазари.
Заради потрошувачката економија која ја носи цивилизацијата во ќорсокак.
Не дека сум импресиониран од автократските диктаторски режими, но тие се методот на одбрана што го применуваат некои држави од искористувањето на „демократијата“ како оружје за геополитичка и економска доминација во светот, кој го применуваат овие „демократии“.
Добро де, „западни демократии“, зошто остатокот од светот треба да ви е потчинет?
Ги држите во должничко ропство, им го крадете човечкиот поренцијал, а одозгора на тоа преку војни, растурање на тие држави и преку поставување марионетски влади им ги присвојувате природните ресурси.
Во тие држави не живеат ли луѓе?
Само во вашите ли држави луѓето заслужуваат достоинствен живот?
WASHINGTONTIMES.COM
Testimony from victims strongly suggests it was the rebels, not the Syrian government, that used Sarin nerve gas during a recent incident in the revolution-wracked nation, a senior U.N. diplomat said Monday.

Љубовта е слабост која понекогаш не измачува

Искрен изблик на чувства, сепак, според мене, афективен и од таа причина плиток.
Постои ли безрезервана и непроменлива љубов?
Па и што е тоа љубов? дали е тоа чувството на (взаемно) задоволство од тоа што и за тебе има некоја/некој што те смета за вреден? Дали е тоа чувство на потчинетост или чувство на сопственост?
Љубов ли е кога не си дозволуваш да се обидеш да се заљубиш во друга/друг? Да се обидеш да живееш. Зарем љубовта ограничува и убива?
Љубов ли е кога не ти дозволуваат да живееш и да спознаваш слободно, кога некоја/некој што страда од љубомора те држи во ропство? Па самиот збор љубомора содржи смрт - мор во себе. Дали љубовта е смрт и дали смртта е љубов? Дали „би умрела/умрел за тебе“ е највисок стадиум на љубовта? А ако некоја/некој би умрел за тебе зошто не те остава да живееш слободно?
Ми се чини дека љубовта е слабост. Силна слабост која понекогаш не измачува.
Чисти Чувства
Првиот допир !!!
И после првиот допир нашите чувства се исти. И после првиот допир го чувствуваме она што си го чувствувавме и претходно. Првиов допир само ја продлабочи нашата љубов која сега си доби нова димензија, во која нашите души и физички ја почувствуваа љубовта. Секоја секунда со тебе ми значи премногу, секоја секунда со тебе ми буди нови чувства, и секоја секунда со тебе ми докажува колку е убаво што постоиш во мојов живот !!!
Секој ден, буквално секој ден откако заживеа нашава љубов на наш начин, јас му се заблагодарувам на Бога што доживувам нешто што отсекогаш посакував, а тоа е љубов без ограничувања, љубов без барања, љубов која има потреба само до љубов и ништо друго. Ти си личност изградена во секоја смисла, ти знаеш буквално што сакаш и како сакаш, и знаеш како да го имаш тоа и како да се носиш со сето тоа. Во тој твој свет, јас се појавив случајно, и сакам случајно да останам секогаш. Кога размислуваш само за убавото, тогаш и убавото ќе трае секогаш. Ние не размислуваме, ние чувствуваме, и се додека чувствуваме ова што ни се случува ќе трае секогаш !!!
Преку твојот допир ја осетив твојата душа, која се спои со мојата, и почувствував колку ти значам јас тебе. Тоа е чувство кое моето тело го разнежни максимално, и кој допир ми докажа колку е чиста и вистинска твојата љубов кон мене. Едноставно ти си во мене, и едноставно ми е преубаво мене што си во мене !!!
Вистинитоста на вистинската љубов зрачи секогаш, и самото зрачење и ја одржува љубовта вистинска. Ние не зрачиме, ние сме озрачени и затоа оваа љубов ја доживуваме повеќе и од вистинска. Колку повеќе се даваме себеси, толку и среќата ќе ни се зголемува секојдневно. Те сакам останува за нас обичен збор, но те сакам е и многу мал збор колку ти навистина ми значиш мене. На постои миг да не мислам на тебе, не постои миг да не посакувам да бидам со тебе, не постои миг да не копнеам по тебе, не постои миг кој е миг без тебе. Ти ми ги исполни чувствата, ти ми го исполни мојот замислен свет, ти ми го оживеа мојот живот, живот кој го живеев во надеж и со надеж дека некогаш ќе се појави личност за која ќе треперам исто како што таа ќе трепери за мене. Нашиве треперења беа и пред првиов допир, и нашите треперења останаа и по него !!!
Сега откако и ни се споија погледите, откако ги видовме нашите очиња како сјаат за нас, знаеме дека нашата потреба од нас е само наша и ќе ја одржуваме на наш начин. Тој начин е во сѐ она што и беше претходно да биде и понатаму исто. Сакам со мене да почувствуваш слобода на своите чувства, сакам со мене да почувствуваш слобода на своето тело, сакам со мене да почувствуваш бескрајни убавини кои ќе опстојуваат во тебе и кога јас не сум до тебе. Тоа е она што мене ќе ме направи пресреќен !!!
Сакам да знаеш дека ќе стојам зад секоја твоја одлука, бидејќи кај тебе е сѐ промислено и кај тебе нема површни работи. Таа промисленост и таа одлучност не спои нас во едно, бидејќи и јас сакам промислени и неповршни нешта. Сѐ до оној момент до кога ќе ме посакуваш во твојот живот, јас ќе постојам во него. Начинот и обликот е небитен, битно е она што двајцата ќе не исполнува на наш начин, а тоа сме ние. Секогаш кога ќе постои можност и време ние ќе бидеме заедно, а тогаш кога тоа нема да биде возможно ние ќе замислуваме дека сме заедно, и пак ќе сме заедно. Времето ќе покаже колку сме ние реални со нашиве чувства, и колку реално знаеме да се однесуваме со нив !!!
Мојата среќа можеш да ми ја одземеш само ти, а јас знам дека ти не сакаш тоа да се случи никогаш, Најмила Моја !!! .. 
~ Aleksandar Vasilevski ~

13.10.18

Политиката е курва, политичарите - измамници.

Политиката е курва,
а политичарите измамници.
Не се надевајте дека тоа што го прават е во ваша корист. 
Вклучете си ги главите.