30.12.14

Основната намена на човекот

Среќно семејство - нема ништо поидилично. Тоа е основната намена на човекот, да биде сакан и да сака, искрено, без комплекси и пресметки. Слободно.

28.12.14

Сардини од плашици и овци од луѓе

Во Македонија,
според стари домашни рецепти,
се прават:
http://www.ohridnews.com/vesti/38078
сардини од плашици

A според новите рецепти се прават:

овци од луѓе

26.12.14

Не запирам повеќе!

Не запирам повеќе!

Време

Не им верувајте на тие што ви кажуваат дека „немаат време„,
тие немаат време за вас.

19.12.14

Луд, збунет... интеракција

Лудиот барем „знае„ што прави, тој мисли дека така треба.
Збунетиот ја греши работата.

Позната улица

Ја знам таа улица, таа води до срцето.

18.12.14

Постојаност

Коцкар или боем е пресуда за цел живот.
Не знаев дека истото важи и за градби: некогашната банка сега е обложувалница, а некогашната пивница - библиотека.

16.12.14

Има ли пилот во твојот авион?

Ако одбереш насока и брзина со која ќе се движиш низ животот -
секако ќе стигнеш таму каде што си тргнал,
но ако оставиш други да те „возат„ -
тие ќе те возат по нивните патишта,
а тоа за тебе ќе биде стоење во место
или вртење во круг.

Константин Карев
16.12.2014

15.12.14

Ко прдеж в гаќи

 
 
А не: такво дрво, вакво дрво, звучела гитарата или не звучела, фирма била или не.
 
Уметноста е енергија, и испаѓа на секаков можен начин и низ секакви медиуми и техники.
Русите викаат: шило во вреќа не се чува.
А Македонците се поексплицитни, и викаат: ко прдеж в гаќи врти.
Да, и секако испаѓа

7.12.14

Бивш човек

Денес видов бивш градоначалник кој со својата превртливост, нискост и манипулативност им стана одвратен на сите. Па сега очекува некој да го поздрави, а сите го гледаат со презир.
Политичар на власт, ко воин на коњ - си мисли вечно ќе гази.
И воинот паѓа од коњот а некогаш ниту името не му го пишуваат.
А и политичарот паѓа од власт па после тоа или паѓа во заборав, или паѓа во затвор или пак станува легенда и еталон за човечност и мудрост.
Ретки се овие последните.


2.12.14

Одлука

Лажат затоа што им веруваш.
И да не им веруваш - тие пак ќе лажат;
ама тогаш нема да ги слушаш.