7.12.14

Бивш човек

Денес видов бивш градоначалник кој со својата превртливост, нискост и манипулативност им стана одвратен на сите. Па сега очекува некој да го поздрави, а сите го гледаат со презир.
Политичар на власт, ко воин на коњ - си мисли вечно ќе гази.
И воинот паѓа од коњот а некогаш ниту името не му го пишуваат.
А и политичарот паѓа од власт па после тоа или паѓа во заборав, или паѓа во затвор или пак станува легенда и еталон за човечност и мудрост.
Ретки се овие последните.


No comments:

Post a Comment