23.4.14

Доста од Коста

Ми викаат: - Коста!
Кога ќе ме викнат, ми викаат: - Доста, Коста!
А јас си викам: - Која им е таа Доста? И зошто им е доста од Коста, кога самите ме викаат?
Да, ме викаат.
Ми викаат: - Коста!
Е тогаш, кога ме викаат, им викам: - Доста.

Паметно ли е?

Некогаш е попаметно да не мислиш многу.

22.4.14

Вистината боли, а може и да убие

Кога не ви се допаѓа тоа што ви го кажува соговорникот - не го слушајте. А најдобро онеспособете - исклучете го. Тогаш ќе се слушате само себеси и ќе се гледате само во вашето магично огледало. „Comments are disabled for this video„. Убавини.
А што кога огледалото ќе ви ја покаже вашата збрчкана иссушена душа?
Вистината ќе боли, примена во голема доза. Taa може да ве убие ако сте апстинирале од неа а потоа се предозирате.

20.4.14

Бараат да се откажете од разумот

Ете, сите од вас го бараат истото: „Не размислувајте - Купете го веднаш!„ или „Не размислувајте - Гласајте за нас!„

Бараат да се откажете од разумот.

http://restoriadiscreet.tv/saver/

а не ни трошат време за да бидат убедливи и да немаат гафови и граматички грешки. Најчудно е дека имаат успех со таа стратегија.

19.4.14

Лоши ученици

Сѐ уште живееме според Старозаветните вистини, Новиот Завет ни е сѐ уште нов, не ни е научен. А на човештвото му се веќе неопходни нови вистини и нови духовни насоки.

Унии, сојузи, партии, алијанси, здруженија...

Унии, сојузи, партии, алијанси, здруженија... тоа се организации кои што можат да обединат луѓе во нивните авангардни идеи, на корист на целото општество; но истите тие организации можат да станат центри на узурпација на оптественото богатство во корист на членовите на тие организации, на штета на остатокот на општеството.

18.4.14

Главоболка

Ние знаеме сѐ за главоболката.
Се прашувате: Зошто?
Затоа што ние ја предизвикуваме.

15.4.14

Млади послушници



Во Македонија наместо серискиот филм „Млади бунтовници„ може да се снима „Млади послушници„. Тука има многи квалитетни глумци.





10.4.14

Глупи Балканци!



Читам некои постови под видеово и си мислам: Глупи Балканци! Сè мора да поделите и сè мора да раскинете на делови. Мора да си докажете. Мора да се уништите меѓу себе, па, на гробот на „противникот„, полуживи, а повеќе мртви, да прогласите победа. Во видеото артистот зел народна песна и ја стилизирал, ја искористил како мотив, и испадна убава уметност – светска музика (world music). Се работи за народната песна „Дафино, вино црвено„, која ние, Македонците, ја сметаме за македонска (ја пееме и ја чувствуваме за блиска). Со коментар под видеото се јавил некој Бугарин и кажува дека таа била бугарска. Па нека ја смета за таква. Ја чувствува ли како своја, како блиска на неговото емотивно и етничко битие? Па нека. Со тоа не може да ми го поколеба моето национално чувство. Јас сум Македонец, во тоа никој и ништо не може да ме поколеба или премисли. А ако некој се нафати да го негира моето национално чувство – ќе го оставам без одговор. Па, би било нелогично од моја страна да си го трошам драгоценото време на глупости. Имам право на свои чувства и свои разбирања на светот што ме опкружува, како и секој друг човек.
А тоа што толку се препираме и толку не можеме да ја најдеме границата меѓу нас нели кажува за тоа колку сме блиски? Нели треба да се гордееме со тоа што нашата култура е голема и достојна некој од страна да се најде погоден и инфициран од неа и да ја искористи во својата уметност? Познава ли културата државни граници? Познава ли уметноста граници?




9.4.14

Мојот претседател

Некакво непријатно чувство ме обзема кога го гледам претседателот на мојата држава како стои позади премиерот, се смее и се однесува како недоветен.
Сакам претседателот на мојата држава да биде авторитетен но не авторитарен (или во сенка на авторитарни премиери), сакам тој да има морален интегритет и големина. Сакам за него да зборуваат со почит, но, почитта мора самиот да ја заработи со сите свои постапки. И бидејќи мојот претседател е човек, а на секој човек му се својствени човечките особини, очекувам и прифаќам дека тој може да прави многу грешки и гафови, но не прифаќам тој да биде член во било каква „екипа„ - тој треба да биде независен, тој не може да дозволи некоја партија да го узурпира и покрај тоа што е поддржан од таа партија.
Претседателот треба да е претседател на сите граѓани. Тој треба да биде врховен коректив во сите насоки во кои оди државата, да проектира етика, стабилност и позитивност. Во луѓето да ги побудува најхуманите чувства.
А... некакво непријатно чувство ме обзема кога го гледам претседателот на мојата држава во ова видео.