11.5.18

Честа и достоинството немаат цена

Честа и достоинството немаат цена 
Тоа е коренот на расипаноста - за да бидеш ороводец и да го водиш Тешкото се плаќале пари. Тоа место се купувало, трговија било.
Исто како што сега трговците, и Зајко, и Грујо претходно, доаѓаат на власт. Со трговија, и за трговија.
Исто како што народот го лажат дека треба да се (про)даде името за да дојде животот.
Парите го расипаа Македонецот.
Додека јадеше лук и оцет, и беше подјармен 5 века, преживеа.
Сега, кога е свој на своето, сега Македонецот ќе го продаде не само брата си, туку и сопствената чест и достоинство.
Ама види ги Грците - ем трговци, ем се на нивна страна мерат. Купи го Гркот, ако можеш. Не можеш - нема цена честа и достоинството.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај