15.7.14

Најчесто Давид губи

Пред петнаесетина години гледавме некое финале на НБА. Играа Чикаго, за кои играше Џордан; со некој друг тим. Јас секако навивав за другиот тим затоашто беше послаб, а мојот внук навиваше за Чикаго.
Го прашав зошто навива за нив.
Тој одговори: затоа што се најдобри.

Сега заклучувам дека е лесно да навиваш за посилниот. Но во тоа нема креативност, нема надеж, нема напредок.

Секогаш навивам за Давид, иако најчесто Давид губи.



10.7.14

Една е Македонија

Може да се измислат најразлични простатилаци и мајтапи, но работата е сериозна. 
Во Македонија секогаш се на удар тие што не се потчинуваат и тие што имаат сопствено мислење.

8.7.14

Потрага по вистината

Вистината се спознава преку споредба на некоку хипотетички вистини. Со негирање и залажување само се бара алиби за да не се бара вистината.

1.7.14

Универзални гаќи

- Купи, дечко! Купи! Добри гаќи се!
- Е колку се?
- Четри за сто, дечко, четри...
- А поголеми нема? Овие ми се гледаат мали. А немаат ни број.
- Дечко универзал се овие, досега никој не се жалел.
Останав без зборови, матиран бев. Не би сакал да бидам првиот што се жалел.
Останав и без гаќи, поточно продавачката остана со гаќите.