15.7.14

Најчесто Давид губи

Пред петнаесетина години гледавме некое финале на НБА. Играа Чикаго, за кои играше Џордан; со некој друг тим. Јас секако навивав за другиот тим затоашто беше послаб, а мојот внук навиваше за Чикаго.
Го прашав зошто навива за нив.
Тој одговори: затоа што се најдобри.

Сега заклучувам дека е лесно да навиваш за посилниот. Но во тоа нема креативност, нема надеж, нема напредок.

Секогаш навивам за Давид, иако најчесто Давид губи.



No comments:

Post a Comment