2.1.20

Уништување на Македонија


Не е чесно на македонскиот народ да не му се каже вистината, тоест реалната состојба – таа  дека тој е на пониско цивилизациско ниво од тоа до кое е стигната цивилизацијата, затоа што тој негов хендикеп го користат неговите политички елити за да го држат во ропство и да го ограбуваат. Тие ги користат ниските страсти на народот за да го завртат самиот против себе; тие ја користат стратегијата „раздели, па владеј“ против сопствениот народ. За нив политичките идеологии за изградба на општеството, до кои стигнала цивилизацијата, се само алатки за манипулација. Така, политичката партија ВМРО ДПМНЕ манипулираше и се уште манипулира со националното чувство на Македонците, за да се прикаже како единствен заштитник на Македонците, а политичката партија СДСМ манипулира со потребата на Македонците од нормално цивилизирано општество. Додека основна цел на овие лукративни кланови (тоа не се политички партии, туку здруженија создадени за сопствен интерес) не е искрената желба за цивилазациски напредок на општеството, туку доаѓање и одржување на власт заради бенефитите што ги нуди власта.

Бенефитот за албанските политички партии кои учествуваат во власта е двоен, оти тие покрај тоа што го ограбуваат народот ја исполнуваат и сопствената национална агенда за уништување на државата во која што постојат.

29.1.19

За нанесената штета со правење на „општото добро“

Кажуваат дека прават нешто за „општо добро“, а нудат декларативни изјави, ветувања, убедености и сигурности како гаранција. Но тие не можат да бидат прифатени како гаранции, затоа што немаат материјална вредност и не се мерливи, па затоа не можат да му бидат одземени на тој што ги нуди како гаранција и не можат да послужат за намирување на нанесената штета со правење на „општото добро“.

28.11.18

Самоубиство на македонската култура

Во услови на несовршена цивилизација, опкружени со држави кои спроведуваат инвазивни национални стратегии од пред повеќе од 100 години, сметам дека негирањето на сопственото национално чувство претставува, во најмала рака, самоубиство на македонската култура.

4.11.18

Македонска плодна молитва

Македонска плодна молитва: - Да ти ебам најмило, фамилија, мајка, сестра, сè женско, сè живо, во пичка, во центар!
Е тоа е потентност, само што не дава плод, Македонците сè помалку ги има.
Изгледа Македонците погрешно го сфаќаат сексот – како казна и како одмазда.

Нема Wi-Fi


– Добро де, како се разбираат курот и пичката?
– Со триење?
– Па зашто комуникацијата помеѓу мажот и жената е толку сложена?
– Оти мозокот ја ебе работата, не знае што сака, а и со триење не можеш да го излажеш!

31.10.18

Освојување ресурси и пазари

Вака беше во 2013, веројатно е исто и сега, ама на капиталистите не им треба вистината. Ним им треба душепарачка манипулација со која ќе ги прикријат своите лукративни цели. Бомбардираат суверена држава врз основа на медиумски претпоставки. Сакале да испратат порака... Точно, сакаат да покажат сила, тоа им е пораката. Од светски демократии САД, Британија и Франција се претвирија во белосветски силеџии, насилници и предизвикувачи на војни.
Се заради освојување ресурси и пазари.
Заради потрошувачката економија која ја носи цивилизацијата во ќорсокак.
Не дека сум импресиониран од автократските диктаторски режими, но тие се методот на одбрана што го применуваат некои држави од искористувањето на „демократијата“ како оружје за геополитичка и економска доминација во светот, кој го применуваат овие „демократии“.
Добро де, „западни демократии“, зошто остатокот од светот треба да ви е потчинет?
Ги држите во должничко ропство, им го крадете човечкиот поренцијал, а одозгора на тоа преку војни, растурање на тие држави и преку поставување марионетски влади им ги присвојувате природните ресурси.
Во тие држави не живеат ли луѓе?
Само во вашите ли држави луѓето заслужуваат достоинствен живот?
WASHINGTONTIMES.COM
Testimony from victims strongly suggests it was the rebels, not the Syrian government, that used Sarin nerve gas during a recent incident in the revolution-wracked nation, a senior U.N. diplomat said Monday.