2.5.15

Глупоста вечна - Факултет за туризам и бизнис логистика

Вака изгледа Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија.






















Добро бе, на професорите, на деканите и на другите културно - образовни дејци не им е срам? Или не им е гајле? Платата се исплаќа редовно, на картичка.
А да ја спомнеме и функционалноста на овој факултет и неговата поврзаност со пазарот на трудот: билокој може да се запише и секој може да го заврши овој факултет кога - тогаш, секоја година се запишуваат по 200 - 300 нови студенти, од 3 -4те генерации само еден или двајца дипломирани студенти се вработија според добиената струка.
Се добива сознание дека нешто во македонското високо образование гние, а нешто веќе изгнило.


Златна жила
30000 денари добива татко ми – плата,
тој работи како вратар.
А мајка ми добива 32000 денари, плата.
Таа работи на централата, во партијата.
За 50000 денари, плата, работи сестра ми, големата –
работи на уплата, по кладилници, по селата.
Сестра ми, помалата,
е сестра медицинска, таа
работи во колата на помошта,
во итната.
И таа за голема плата.

А баба ми и дедо ми,
дома си седеа и гледаа сиво.
Па, од пензии заштедено,
си купија по цистерна пиво,
а од ситното, што остана –
си купија по еден нов живот.

Ја фативме златната,
жилата.
Тоа е знаењето.
Тука ни е силата.

http://constant0in.blogspot.com/2014/10/blog-post_7.html


Глупоста вечна.

No comments:

Post a Comment