12.10.13

Идеализам

Ако не бидеме идеалисти, ако не го бараме доброто и вистината, ако сите се задоволиме со половичност и неисполнетост; кој, и зошто би ги менувал работите на подобро? Живеме во општество и насоките во кои се движи тоа општество зависат од сите нас:
 

Никој не може
да се откаже
и да не мисли,
и да не каже -
да се помири
и да се предаде,
без да се продаде.

1 comment:

  1. Извонредна реалност. Тоа што е присутно, таквата состојба која го следи човештвото, го осакатува. Тоа е така бидејќи паразитите се класа поврзана со интерес, кај кои е посилен од нивната свест, која е многу силно организирана и го попречува пробивот на тоа што го носат творците. Јас лично на грб го чувствувам таквото нешто, кога ги правам сите напори преку сите возможни начини и сретства, да објавам дека имам решение на проблемот на сиромаштијата, а одговор на сето тоа нема, се заташкува. На мини проект што го и пријавив во Канцеларијата за развој, кога објавив дека ќе ги образложам резултатите, на повикот до сите важни личности во општината да бидат присутни, дојде само секретарот на Собранието и тој само се појави и си отиде, изаразувајку мислење дека тоа е неможно. Потполно се согласувам со мислењето на авторот, дека станува збор за вообразени луге, кои всушност се немоќни дури и кога новината е од корис и на нив, не се спремни да поверуваат, се плашаат да не им се поремети позицијата, и на тој начин го кочаат развојот на општеството. Моето сознание им пречи затоа што е мое, а тие се немоќни да дадат нивно, зато злобата не им дозволува ни да го сослушат, а камо ли да го разберат. Голема мака си имам, сакам и сигурен сум дека можам со тоа што сум го осознал да помогнам и да го спасам човештвото од маќите и страдањата, да се прекине со војни, со сиромаштија, со невработеност и со сите др.проблеми. Но за жал како да сето тоа го кажувам пред глуви, пред слепи и пред ненормални луге. Го молам Бога да тој некако помогне, да ги вразуми лугето дека творците се поважни и дека во колку и паразитите го сватаат тоа и за нив е подобро. Паразити е имало и ќе има, но барем малку да олабават од жештината во односот, како би можеле сознанијата да доаѓаат на свет, без да се чека со векови.

    ReplyDelete