15.4.17

Мртви бои

Тоа го прават парите - создаваат мртви бои

За многу милениуми, луѓе!

И Библијата не учи дека ништо не е дадено еднаш засекогаш - во неа е опишан „законот“ за каменување на „грешниците“, наследен од предците и опишан во нивните догми, кој Исус го оспорил, па сега веќе не го сметаме за закон, туку за дивјаштво.
Така е и со многу други догми кои луѓето сами си ги измислија - беа закони, а сега се дивјаштво.

Цивилизацијата не стои во место, свеста се развива, спознанието расте.

За многу милениуми, луѓе!

9.4.17

Ништожност

Аномалија на јајцата

Понекогаш, кога ги фарбаш јајцата бојата поминува подлабоко - под лушпата на глупоста и суеверието

1.4.17

За „За „заедничка“ Македонија“

Народот е народ (граѓани) - кога е против власта.
Кога луѓето ја бранат власта тогаш тие не се народ,
туку група конформисти.





7.3.17

Натпревар

Како што неофицијално дознаваме, контролорот на средбата помеѓу ВМРО ДПМНЕ (Грујовисти) и СДСМ (Заевисти) - Унион Европски, од Америка, го оценил со негативна оценка 1 (единица) главниот судија Иван Ѓоргиев - Паљурски од Грчиште, Валандовско, затоа што истиот, според Европски, не досудил пенал за СДСМ (Заевисти), а на ВМРО ДПМНЕ (Грујовисти) им досудувал непостоечки слободни удари. Освен тоа 1 (единица) добил и помошниот судија Уставен Судовски, кој при постапувањата на Паљурски си гледал во к.... тоест во Интерес Материјалновски.