7.7.15

Право и обврска

Негово ( и на сите политичари) е правото да бидат расипани и манипулатори.
Наша (на граѓаните) е обврската да не дозволуваме да бидеме лажени и манипулирани.

Со ум против расипаноста и глупоста

Уметноста е ум, таа е оружје за борба против расипаноста и глупоста.

http://lider.mk/2015/04/29/ulicna-umetnost-protiv-kraterite-na-ulicite/


22.6.15

Волшебник

Лекува „од глуви„, „од неми„, „„од нос, и ги чисти објектите „одразни зла„; ама не лекува од глупост, затоа што би ги изгубил муштериите. А и самиот не се лекува од неписменост - не сака да си ја изгуби оригиналноста.

19.6.15

Сопствен бог (ѓавол)


Има приоритет, според кој се раководи секој Христијанин кога си го формира својот светоглед. Според тој приоритет на прво место е љубовта кон Бога и кон сите негови творби, какви ли бои и форми да им дал творецот. Дури потоа во срцето на ревносниот Христов слуга ќе се најде место за љубов кон соплемениците и кон државата.

Тој што не го почитува овие приоритети не е Христијанин.
И луѓето што се поинакви од нас, што говорат поинаков јазик и што мигрираат подалеку од војните и смртта се Божји чеда. Се чудам од каде ли ви е стравот тие немоќни, обесправени и прогонети луѓе да не останат во Македонија и да не ни го измелезат чистото македонско семе? Од некој сопствен господ (да не кажам ѓавол)?


8.6.15

Не постојат мали луѓе - постојат мали умови

Кога осознавате дека нештата околку вас не се поставени како што треба и бараат промени - најдете сила во себе и иницирајте ја промената со својата активност.
Не постојат мали нешта - постојат нешта што сме ги занемариле.
Не постојат мали луѓе - постојат мали умови.

24.5.15

За големите луѓе

На секој човек му е својствено да греши. Затоа, големите луѓе не ги препознаме по нивната безгрешност, туку по тоа дека знаат да си ги признаат и да си ги поправат грешките.

22.5.15

Создавање коалиција за ред и демократија РЕД. Платформа:

Создавање коалиција за ред и демократија РЕД
Платформа:

  • Закони против партиски вработувања
  • Закони против медиумска манипулација
  • Градење граѓанска држава (сите граѓани се еднакви) (сите партии се еднакви)
  • Ревизија на сиот досегашен криминал, вклучително и приватизацијатa
  • Ослободување на пратениците од стегите на партиите
  • Промена на гласачкиот систем (една изборна единица, без цензус)
  • Закон против партиски манипулации на граѓанските организации
  • Воведување контролни механизми за да зачува независноста на судската власт