16.3.18

No God, Thanks

Тhere was Stephen Hawking, but, there was no rational God,
only human irrationality flew over the people's minds.
If there were God, he would be present.
Ми се допаѓа
Коментирај
Коментари

13.3.18

Малодушност

Малодушноста е една од позначајните негативни карактеристики на македонскиот менталитет. Голем дестимулатор.

Зошто постојат државите?

Обврска на демократска држава е да ја прави праведна распределбата на општественото богатство и да ги еманципира сите сопстени граѓани.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

9.2.18

Шпионска турбоармоника

Уште еден доказ дека Балканот е центар на светската уметност и цивилизација, откога познатиот ирски бенд У2 во својот репертоар ја уфрли оваа неповторлива композиција тој доживува ново враќање на светската рококо и турбоџез сцена. Членовите на бендот вложија огромни средства за да си набават инструменти кои ќе го имаат автентичниот, насекаде баран, секому привлечен звук. Во тој план врв на инвентивноста е гитара направена во Јапонија, која го има автентичниот балкански звук на турбоармоника. Во музичките кругови се врти гласина дека наредната песна која бендот ќе ја сними ќе биде познатата „Мастика„. Да им посакаме успех на овие промотори и амбасадори на балканската култура!
In the name of Ramo. Mashup by A%L. Made in 2011.
VIMEO.COM

14.1.18

Св. Бог Бог

Што му е тоа „Господин Господин“? Двоен господин? Господин на квадрат?
А зошто не викаат „Бог Бог“?

6.1.18

Локација на пеколот

Лошите луѓе ќе оделе во пекол, за останатите пеколот е тука.

Не сум верник

Не сум верник, Библијата за мене е книга со мудрости од едно време, ама чудно ми е како се нарекуваат верници тие што не само што не ги сфатиле, туку не ги прочитале тие мудрости.
Матеј 6:5-7: “А кога се молите, не постапувајте како лицемерите, кои сакаат да бидат забележани од другите кога се молат по синагогите и по плоштадите. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема! А ти, кога ќе се молиш, влези во својата соба, затвори ја вратата и помоли му се на твојот невидлив небесен татко, кој го гледа тоа што е тајно и ќе те награди јавно.
Кога се молите, не редете празни зборови, како што тоа го прават оние што не го познаваат Бога, мислејќи дека ќе бидат услишани поради својата речовитост.”
Што ќе каже дека сите обреди, служби, празнувања, слави, шествија и поворки, без искреност се само празност.
Инаку, зборот „празник“ потекува од „празно“, ама не знам дали зборот дошол поради празните амбари или поради празноста на душите после празници.
а) На кого да се молиш? Исус рече: “… молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата…” (Матеј 6:9) “… во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно…”(Филипи...
BIBLIJA.MK