18.4.14

Главоболка

Ние знаеме сѐ за главоболката.
Се прашувате: Зошто?
Затоа што ние ја предизвикуваме.

15.4.14

Млади послушници



Во Македонија наместо серискиот филм „Млади бунтовници„ може да се снима „Млади послушници„. Тука има многи квалитетни глумци.





10.4.14

Глупи Балканци!



Читам некои постови под видеово и си мислам: Глупи Балканци! Сè мора да поделите и сè мора да раскинете на делови. Мора да си докажете. Мора да се уништите меѓу себе, па, на гробот на „противникот„, полуживи, а повеќе мртви, да прогласите победа. Во видеото артистот зел народна песна и ја стилизирал, ја искористил како мотив, и испадна убава уметност – светска музика (world music). Се работи за народната песна „Дафино, вино црвено„, која ние, Македонците, ја сметаме за македонска (ја пееме и ја чувствуваме за блиска). Со коментар под видеото се јавил некој Бугарин и кажува дека таа била бугарска. Па нека ја смета за таква. Ја чувствува ли како своја, како блиска на неговото емотивно и етничко битие? Па нека. Со тоа не може да ми го поколеба моето национално чувство. Јас сум Македонец, во тоа никој и ништо не може да ме поколеба или премисли. А ако некој се нафати да го негира моето национално чувство – ќе го оставам без одговор. Па, би било нелогично од моја страна да си го трошам драгоценото време на глупости. Имам право на свои чувства и свои разбирања на светот што ме опкружува, како и секој друг човек.
А тоа што толку се препираме и толку не можеме да ја најдеме границата меѓу нас нели кажува за тоа колку сме блиски? Нели треба да се гордееме со тоа што нашата култура е голема и достојна некој од страна да се најде погоден и инфициран од неа и да ја искористи во својата уметност? Познава ли културата државни граници? Познава ли уметноста граници?




9.4.14

Мојот претседател

Некакво непријатно чувство ме обзема кога го гледам претседателот на мојата држава како стои позади премиерот, се смее и се однесува како недоветен.
Сакам претседателот на мојата држава да биде авторитетен но не авторитарен (или во сенка на авторитарни премиери), сакам тој да има морален интегритет и големина. Сакам за него да зборуваат со почит, но, почитта мора самиот да ја заработи со сите свои постапки. И бидејќи мојот претседател е човек, а на секој човек му се својствени човечките особини, очекувам и прифаќам дека тој може да прави многу грешки и гафови, но не прифаќам тој да биде член во било каква „екипа„ - тој треба да биде независен, тој не може да дозволи некоја партија да го узурпира и покрај тоа што е поддржан од таа партија.
Претседателот треба да е претседател на сите граѓани. Тој треба да биде врховен коректив во сите насоки во кои оди државата, да проектира етика, стабилност и позитивност. Во луѓето да ги побудува најхуманите чувства.
А... некакво непријатно чувство ме обзема кога го гледам претседателот на мојата држава во ова видео.


25.3.14

За инает / Назло / In spite

Нека ми смрзнат ушите - нека страда баба ми

Назло бабушке отморожу уши

Let my ears get frostbite - let my grandma suffer

 

Ќе си извадам око - мојата тешта нека има сакат зет

Пойду выбью себе глаз, чтобы у тещи был зять кривой

I will shoot my eye out so that my mother-in-law has a crippled son-in-law


Ќе си го отсечам носот, нека ми страда лицето

Отрежу себе нос, пусть лицо злится

Cut off your nose to spite your face

23.3.14

Нова вредност




И која верзија ви се допаѓа повеќе? Мене без двоумење модерната преработена верзија на Каролина. Во неа има болка има емотивност и поетика. Народната верзија е базирана врз нашиот нискоморален менталитет. Замислете, да му посакуваш смрт на тој што вчера ви претставуваше се на светот, и тоа во втората строфа...

Силата на душата (Јака ти душа...)

Предрасудите и глупостите се разбиваат со силата на душата.