4.4.13

Секому своето време и секому својот пат. Се ќе биде... во свое време.

Секој си го работи своето, ако може. Тоа што не ти носи ќар сега - не значи дека не ти носи ќар воопшто. Ако живееме во општество што живее од денес за утре, и ние да живееме така?

3.4.13

Света, силна, бессмртна партијо, спаси нè!



Мила, да гласаме заедно? Воз ти се прави ли?
Те сакам скоро колку што го сакам лидерот!
Да се прошетаме до штабот?
Имам идеја да се зачленам во партија и да се вработам!
Лидерот е пастир! (Јас сум овца!).
Тој што не членува во партија е глуп! Да поминат избори а да не се обложиш е исто како да пропуштиш светско првенство во фудбал.
Свети лидер биди со нас! Свети лидер, спаси нè!
Да имаш свое мислење е ризично - може да го дознае некој.


Константин Карев

23.3.13

Здравиот разум и трезниот рассудок на народот

"Долготрајното ропство и лошото раководење толку можат да го збунат и унаказат сфаќањето на еден народ што неговиот здрав разум и трезниот рассудок ослабнуваат до свое потполно извитоперување. Таквиот пореметен народ не само што не може повеќе да го разликува доброто од злото, туку не ја разликува ни сопствената корист од очигледната штета. "

Иво Андриќ


Dugotrajno robovanje i rdjava uprava mogu toliko zbuniti i unakaziti shvatanje jednog naroda da zdrav razum i prav sud njemu otančaju i oslabe, da se potpuno izvitopere. Takav poremećen narod ne može više da razlikuje ne samo dobro od zla, nego i svoju sopstvenu korist od očigledne štete.”


Големите умови размислувале за големи работи, за добробитта и за болестите на нациите. Малите луѓе ги користат тие болести на општествата за да ги диригираат и манипулираат и да извлечат корист за себе.

11.3.13

Човештвото дојде до ситуација кога човештината не е прифатлива.

Човештвото дојде до ситуација кога човештината не е прифатлива.

Крај на светот?

11 - ти март 2013 г.
Напишано за локалните избори:

Кај нас секои избори како да се крај на светот. Па ова се локални избори, за градоначалници и за советници - нив треба да ги гледаме во прв план. Секој советник нека каже со што ја заслужил кандидатурата, зошто за него да гласаме. А премиерот нека си ја врши функцијата на која е поставен - нека раководи со владата и нека не создава анимозитети во државата.

8.3.13

Детски мудрости

Детски мудрости:

Не знам колку години имам. Тоа постојано се менува.

Тато израснал на село. Тој видел крава
во живо!

Бев толку исплашен кога мајка ми се разболе. Помислив дека татко ми ќе готви.

Кравите не може да трчаат брзо - за да не го прелеат млекото.

Праска е како јаболко со тепих.

Кучињата обично сакаат вода. Некои толку ја сакаат што дури живеат во неа. Тоа се морски кучиња.

Во зоолошката градина е одлично. Таму можеме да видиме животни кои не постојат.



извор:http://citati-izreke.blogspot.com/2013/02/djeciji-biseri.html

15.2.13

„Добар ден! Како сте?“

Кога пред 15-тина години живеев во една петкатница изградена во времето на Сталин, покрај соседка, бабичка од истото тоа време, која што живееше на приземје и често ја гледавме на прозор, често го коментиравме нејзиното однесување како нападно, демек цело време „снима“. Сега размислувам поинаку - тој што од својот стан, од својот прозорец, од своја тераса гледа што се случува надвор од неговиот дом не нарушува ничии права и приватност, тој, можеби, сака да види како живее светот околу него, можеби собира впечатоци, можеби пишува нешто, а можеби едноставно се чувствува осамен. За разлика од него, тој што гледа по туѓи прозорци за да види кој и што прави внатре, тој нарушува нечија приватност.

Сега, децата како чисти и искрени души го прифаќаат сето тоа што им е кажано од родителите и блиските, па ако некој од нив бил вознемирен од тоа што на тераса или на прозорец видел човек - сосед и го прокоментирал тоа пред детето, тоа ќе го прифати тоа размислување и ќе го повторува.

Така, наместо да го вртам погледот на друга страна и да озборувам, требало да и мавтам на бабичката во знак на искрен поздрав.

Советувам: На соседката/соседот кажете им „Добар ден! Како сте?“, веднаш и вие ќе бидете похумани а и соседката/соседот нема да ви изгледаат како чудовишта.